Реклама
Наши ѕвезди

Малите Хана и Дарен пораснаа – Тамара Тодевска ги разнежи сите со фотографија од нејзините преслатки дечиња

Реклама

Тамара малиот Дарен го доби на 12 декември минатата година

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Познатата пејачка и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, имаат две деца – ќерката Хана и синот Дарен на кого за помалку од два месеци ќе треба да му го прослават првиот роденден.

Тамара секое свое слободно време го користи за да биде со своите дечиња, а на својот профил на социјалните мрежи не ретко објавува фотографии со нив.

Маркетинг

Па така една од последните фотографии што Тамара ја објави на социјалните мрежи и со која посебно ги разнежи нејзините обожаватели е онаа на која се гледа како братчето и сестричката си играат.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Преслаткиот Дарен за помалку од два месеци треба да наполни една година, а малата Хана во април наполни две, па не е ни чудо што толку брзо се менуваат и брзо растат.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инаку, Тамара својата победничка евровизиска песна „Proud“ ја посвети на својата ќерка Хана.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа го кажа тоа непосредно пред почетокот на Евровизија, во интервју за еден медиум од Тел Авив.

„Плачев цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидејќи јас давам сè од себе, душата, срцето, секоја солза на таа песна. Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Навистина ми недостига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – изјави тогаш Тамара.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button