Малата Тара го освои светот – Јелена Ѓоковиќ сподели емотивно видео

Сопругата на најдобриот рекет во светот, Јелена Ѓоковиќ често знае да сподели на јавноста моменти од нејзиното секојдневие, така направи и овој пат откако на својот Инстаграм профил сподели видео од нејзината ќеркичка Тара.
Малата Тара неодамна наполни три годинки, а Јелена покажа како тие две заедно го минуваат времето, нормално на едукативен но забавен начин. Малата Тара воедно и учи и англиски јазик.
https://www.instagram.com/p/CEjMmymj95P/
– Уживаме да гледаме фотографии, па радознали сме да ги разбереме и зборовите, па попатно малку и менуваме јзикот. На нас ова ни годи и така квалитетно го поминуваме времето.Секое дете е поинакво и посебно, па верувам дека и вие имате некои свои начини со кои го носите вашето дете во светот на книгите, напишала Јелена Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ и покрај напорните тренинзи кои ги има секојдневно секогаш наоѓа начин слободното време да го минува со своите деца.
Исто така Јелена Ѓоковиќ често знае да додели совет до родителите на социјалните мрежи што поради тоа добива многу позитивни коментари но и добива многу прашања на оваа тема.
Следбениците ја прашаа Јелена за начинот на исхраната на нејзините деца Тара и Стефан:
-Првата година, Стефан имаше нормална исхрана со месо и риба. Потоа премина на храна базирана на растенија и многу е здрав. Тара од самиот почеток конзумира храна на растителна исхрана. Никогаш немавме проблем со нејзиното здравје“ одговори Јелена и додава:
-Тие јадат компири, моркови и краставици. Доста им давам и смути. Тие се генијалци, се јадат. Се уште не јадат зелена салата, но не паничам бидејќи им ја додавам во смути или шејкови, одговори неодамна Јелена на социјалните мрежи.
Тара и Стефан некогаш не можат да бидат дел од натпреварите на нивниот татко Новак, но погледнете како тие навиваат и го бодрат.
-Идемоо, тата. Шампион, стои во објавата на Јелена за време на натпреварите на Ноле.
Еве и како изгледа кога малиот Стефан го бидри својот татко од трибините
– Денеска прв пат го гледаше својот татко како игра во живо, напиша Јелена под фотографијата.
Погледнете уште некоку фотографии од секојдневието на Новак и Јелена: