Македонците ја обожаваа славната Жаде – Денеска е во петтата деценија и изгледа воодушевувачки – Таа е како виното!

Брзаилската убавица која ја освои Макеоднија.

Џована Антонели се прослави со улогата во серијата „Клон“, а публиката ширум светот ја памети како Жаде, а многумина и денес се уште ја нарекуваат така.
Иако кариерата ја започна во далечната 1991 година, кога имаше само 15 години, публиката ја прифати со сето срце само кога започна емитувањето на „Клон“ во 2001 година.

По тоа, таа се сврте кон правење на мини-серии и филмови и докажа дека нејзиниот успех не е случаен, но следуваа одлични улоги една по друга, меѓу кои се истакнува онаа во „Ем Фамилија“, каде што играше лик на хомосексуалка.
Оваа бразилска актерка сега има 42 години и слободно можеме да кажеме дека изгледа исто толку добро, ако не и подобро отколку кога ја видовме во теленовелата што ја обожаваше целиот Балкан.

Да се потсетиме на најголеданата барзилска серија „Клон“ која кај нас почна да се емотува дури во 2010 година.
Таа е римејк на бразилската ТВ новела Клон која беше емитувана на Глобо во 2001г. и на Телемундо во 2002г.

Оваа ограничена мелодрама во која главните улоги им припаѓаат на Маурисио Окман и Сандра Ечевериа, обработува теми како тргување со дрога, клонирање и ислам.
Извршниот директор на Телемундо, Марк Сантана ја нарече Клон : ,, најамбициозната ТВ новела во телевизиската историја”.

За ова мелодрама карактеристичен е љубовниот триаголник меѓу Лукас, згоден херој, кој го предизвикува својот клон на борба за љубовта на една примамлива, егзотична жена.
Како млад, Лукас се заљубува во една млада арапка, Жаде. Таа е притисната меѓу модерните вредности и нејзиното исламско воспитување.

Тие се разделуваат и поминуваат две декади. Чуден сплет на околности повторно ги соединува.
Потоа Жаде го сретнува клонот,кој е идентичен со Лукас, но е 20 години помлад. Таа мора да избере помеѓу човекот кој го сака и сеќавањата кои ги негува.

Римејкот дебитираше на 15 февруари 2010г..Сниман е во Фес, Мароко, а некои сцени се снимани во Средниот Исток и во Богота, каде градот Гирардот ги претставува Фес и Мајами, иако главната локација е Мајами.
Во неа учествуваа неколку членови од оригиналната продукциска екипа, меѓу кои Глорија Перез, која го напиша сценариото и режисерот Хаиме Монхардим.

Телемундо ја емитува ова серија од понеделник до петок приближно повеќе од 26 недели. Како и кај повеќето нивни серии, телевизиската куќа емитува англиски превод,со алтернативно дополнително објаснување преку одредникот CC3.
Како дел од договорот за продукција, Глобо се согласи на забраната да не ја дистрибутира оригиналната португалска верзија во рок од 5 години.

Снимањето на серијата ќе заврши на 31 јули 2010г. кога ќе се заврши 181-та епизода.
ТВ новелата беше продадена во 22 земји ширум светот. Во октомври 2010г. почнаа да се емитуваат последните недели од серијата Клон.
Ова значи дека преостануваат помалку од 30 епизоди до крајот. Серијата заврши на 29 октомври 2010г.,а последната епизода траеше 2 часа.
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм
ФОТО: Џована Антонели / Инстаграм