Македонските фолкерки ја запалија Битола, а еве и која беше најпpoвокативната дама на големата музичка сцена
Неколку од нашите најзгодни фолкерки се собраа на едно место и ја кренаа „Битола“ на нозе.
Најпознатите и најбараните пејачки, Сузана Гавазова, Ирена Спасовска, Анета-Молика, Стојне Николова и Зуица Лазова имаа заеднички концерт заедно со уште неколку колеги и им приредија шоу за паметење на битолчани.
Организатор на целиот настан беше Ирена Спасовска која покажа дека умее да ги собере ѕвездите на едно место.
-Единаесет ѕвезди ќе отпееме 22 хитови заедно со група ’Молика‘. Организатор е ’Мојсо-продукција‘, јас и Дејан Горгиев. Задоволство ми е што сите заедно ќе отпееме и ќе се забавуваме. Кој ќе присуствува ќе помине одлично“, најави Ирена пред концертот.
Концертот се одржа на ракометното игралиште во Битола, а публиката уживаше во хитовите на познатите пејачи.
Покрај многуте македонски фолк-ѕвезди, настапија и изведувачи од другите етнички заедници, како што се Ромите, Турците и Бошњаците.
Се играше и пееше, а имаше и професионални танчарки за стомачен танц. Вистинско уживање за секој љубител на музиката.
На социјалните мрежи Сузана Гавазова објави дел од нејзиниот настап на кој се гледа како таа танцува и пее во долг и тесен сатенски црвен фустан, вистински рај за очи.
Ништо помалку не изгледаа и останатите фолк-диви, а во прилог следат фотографии кои го докажуваат истото.