Македонскиот Џастин Тимберлејк покажа која жена е посебна во неговиот живот- „Моќна жена која создаде прекрасно семејство“
Кон крајот на 90-те беше популарен и многу македонски девојки лудуваа по него, но сепак реши да се повлече од македонската музичка сцена и да почне да работи нешто друго.
Со својот шарм и убавина, уникатниот стил и талент за танцување, Адријан Гаџа потсетуваше на светските ѕвезди и беше нешто невидено дотогаш во Македонија, а посебно го споредуваа со Џастин Тимберлејк.
Од 2008, Адријан се фокусираше со пеење на албански јазик и албанскиот пазар.
Освен во музиката, Гаџа одлучи да се испроба и во угостителството.
Заедно со семејството отворија ресторан во скопската населба Топанско Поле, кој набрзо стана популарно место за собирање на познатите лица.
Тој не крие дека неговата мајка е заслужна за успехот на ресторанот, па овојпат јавно упати пофалба.
-Сузана Гаџа, моќна жена која создаде прекрасно семејство и жена којашто совршено води приватен семеен бизнис исто така на најдобар можен начин: Ча-Ча ресторанот. Да, оваа толку посветена жена постигна во тоа да гостите кои го посетуваат ресторанот да се чувствуваат удобно како дома и да уживаат во гастрономските производи од совршеното мени. Секоја чест Сузи.-стои во споделената објава.
Повеќе од очигледно е дека Адријан се гордее со својата мајка.
Имено, малкумина знаат дека семејството на пејачот и претходно се занимаваше со угостителство, па „Ча – Ча“ беше името на едно од култните кафулиња во Старата скопска чаршија, кога чаршијата кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години беше нај „ин“ место за излегување во Скопје.
Она што може да се забележи исто така дека Адријан е доста поврзан со своето семејство, но и убавината на неговата мајка која изгледа совршено, токму какао вистинска дама, па не е ни чудно што Адријан изгледа толку добро!