Реклама
Наши ѕвезди

Македонскиот Рики Мартин направи хаос во Ѕвездите на Гранд – сите ВООДУШЕВЕНИ, посебно што пееше на мајчин јазик!

Реклама

Деветнаесетгодишниот Дамјан Димевски од Скопје повторно го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Младиот пејач во овој круг се претстави со песните „Зајди, зајди“ и „Ајде сите на нозе“, со што освои 6 гласа од жирито.

Неговите ментори беа горди на него, а Саша Поповиќ го пофали неговото пеење и изборот на песните:

Маркетинг

„Тука менторите убаво избраа, му дадоа две песни на мајчин јазик и нема што“, изјави Поповиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Втората песна не е поубава, се пошегува Босанац зборувајќи на македонски и додаде: „Мајсторе, така се пее ‘Зајди, зајди’“.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Погледни колку си млад, убав и модерно облечен, а пееш толку добро што не може подобро“, изјави тој.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На Цеца и овој пат кандидатот и беше симпатичен, додека Марија неговиот настап го доживеа емотивно.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Мило ми е што пееше на својот мајчин јазик. И ја користам приликата да ги поздравам сите наши Македонци што не следат“, изјави таа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Дамјан во претходниот круг доби само еден глас, и тоа од Ѓорѓе Давид, па кога ги потсети на тоа, ги изненади сите.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој тогаш гласот од Ѓорѓе го доби уште додека ја изведуваше првата нумера, но не ја доби и поддршката од останатите.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но подоцна кога го видеа како изгледа, сите се попишманија, посебно Цеца, која призна дека се кае што не гласаше, па не може да го земе во нејзиниот том.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Дамјан свири на кавал во „Ѕвездите на Гранд“

„Сега кога го видов момчето, мислам дека од него може да се направи, со работа секако… Тој најпрво мора да заборави на тремата, и мислам дека тука има материјал, со адекватен избор на песни“ изјави тогаш пејачката и додаде:

„Тој изгледа преубаво, и навистина, тој е преубав“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Навистина си за на сцена. Изгледаш топ, како Рики Мартин и ретко кој во првиот круг сака да танцува, а ти тоа го сакаш. Сакап да тргнеш напред, така што јас ќе се одлучам на ова со помош на пријател“, истакна Мили алудирајќи на публиката што беше проследено со громогласен аплауз и завршна одлука да биде дел од неговиот тим.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Неговиот настап погледнете го на крајот од галеријата (1.32.00)

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button