Наши ѕвезди

Македонскиот пејач замина од градот и смени професија, но му се случи незгода: „Едвај го фатив“

Advertisement

Поради пандемијата, македонските музичари долго време немаат работа и се оставени на милост и немилост.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

Нема свирки, нема настапи, забранети се свадбите, па дури и семејните прослави.

Advertisement

Поради тоа секој од пејачите се снаоѓа на свој начин.

Пејачот Ѓоко Јовиќ пред да започне целото лудило со коронавирусот, важеше за еден од најбараните пејачи, а неговите свирки и настапи беа резервирани месеци однапред.

Тој е еден од ретките пејачи кој умее да направи луда атмосфера каде и да настапува и на неговите свирки секогаш има премногу публика.

Advertisement
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

Освен во Македонија, тој е баран и надвор од границите на нашата земја, особено во Австралија.

Додека да бидат укинати сите рестриктивни мерки, Ѓоко ужива во слободното време заедно со семејството. Често е на село во природа.

Ѓоко до својата слава не стигнал преку ноќ, а пред да стане популарен работел и други работи, па така и останатите професии кои вклучуваат физичка работа не му се страни.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

Пред некое време неговата сопруга Ивана објави видео од пејачот како чува овци.

„Ѓоко си најде работа. Бизнисот му оди од рака, за сè го бидува“, напиша таа во опис на видеото на кое се слуша Ѓоко како вика: „Ајде тазе млеко, тазе сирење, ајдееее“.
Видеото веднаш собра многу лајкови и коментари, а некои од нив се и шеги на сметка на пејачот, но претежно е секако зборови за подршка и пофалба на трудот на Ѓоко.

По ова се огласи и самиот пејач, односно објави видео на Фејсбук на кое шета и магаре.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

„Ми избега магарето, едвај го фатив“, стои во опис на видеото.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

Инаку, пејачот потекнува од Валандово, од земјоделско семејство, па додека бил млад работел со тутун. Во многу наврати има истакнато дека воопшто не се срами од своето минато и вели дека во секоје момент е подготвен повторно да го работи тоа.

За „Женски магазин“ тој откри кој е најважниот совет кој некогаш го добил од својот татко: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, вели Јовиќ.

Пејачот во потрага по подобар и поудобен живот, се преселил во главниот град, каде ја запознал својта сопруга Ивана и каде започнува за него целосно поинаков живот.

Неговата професија оди во нагорна линија, а негова најголема поддршка низ целиот процес е секако Ивана. За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај Ивана.

Плод на нината љубов се нивните три дец Теодора, Михаил и Јоан

Нивните профили на социјалните мрежи се преполни со семејни фотографии на кои се гледа хармонијата и среќата која владее во нивното семејство.

Изминатиов период тие открија уште една прекрасна вест. Ѓоко и иВана го очекуваат своето четврто дете. Оваа вест ги воодушеви неговите фанови.

На својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и покажа дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана која е во четврти месец од бременоста ќе биде момче.

„Сакав да биде машко и многу и благодарам на теодора за оваа радост“, рече Ѓоко.

На малата забава за откривање на полот присуствуваа и кумашините на парот, но и нивните кумови, па сите пресреќни ја споделија убавата вест.

Пејачот е грижлив татко, кој целото внимание го посветува на неговите деца, а откри и кој од нив можеби ќе го наследи во професијата.

Во неколку наврати Ѓоко откри дека неговата ќеркича е тотален слхист, исто како и Михаил кој е еден од неговите наследници. Смета дека и Јоан е талентиран, но дека епак времето ќе покаже за која професија ќе се одлучат децата.

Дека тие имаат афинитети да тргнат по неговите стапки покажуват и видеата кои Ѓоко ги објавува на социјалните мрежи, а на кои е гледа дека и неговите деца имаат одлични вокални спообности.

Велат дека сакаат да пеат и дека еден ден ќе го заменат својот татко.

Како што вели, животот не му бил секогаш благонаклонет, но се радува што сега е реализиран човек, среќен татко и сопруг.

Социјалните мрежи на Ѓоко и Ивана се преполни со семејни фотографии на кои се гледа дека станува збор за семејство во кое владее хармонија и мир.

Во продолжение погледнете повеќе нивни фотографии и уверете се:

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук
ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button