Македонската фолк пејачка по втор пат во седум месеци позитивна на КОРОНАВИРУСОТ – еве што се случува со неа сега
Пред една недела по втор пат за седум месеци, беше позитивна на коронавирусот.
Познатата македонска фолкерка беше примена и во болница, а потоа мораше неколку дена да помине и во изолација.
Имено фолкерката пред неколку дена решила да се вакцинира, па само еден ден по примената прва доза почувствувала дека нешто не е во ред и веднаш отишла на лекар.
Веќе наредниот ден се тестирала и тестот покажал дека Сани е позитивна на коронавирусот, пренесува магазинот „Естрада плус“.
По неколку дневен карантин, Сани конечно излезе „на слобода“ односно од нејзиниот дом и можеше слободно да прошета.
Таа со насмевка на лицето шеташе низ Скопје па напиша“
„Толку од изолација!!! Јупи!!!“, стоеше во објавата а веќе на следното стори таа најави и настап на 26-ти, односно за два дена што се чини дека е доказ дека Сани одлично се чувствува.
Таа е позната по својата позитивна енергија и судејќи според објавите не мирува, па не е ни чудно што само два дена откако и помина изолацијата таа ќе може да оди и да го работи она што најдобро го прави.
Нашата позната фолк пејачка Сани Гроздановска важи за убава и негувана жена. Откако се појави на сцената таа ги мами воздишките и погледите на посилниот пол, а сега покажа како изгледа нејзиното лице без грам шминка.
Сани фотографијата ја објави во склоп на своите Инстаграм приказни и со истата ги собра симпатиите на фановите.
Таа често знае да ги изненади своите фанови и со „пикантни“ фотографии под кои секогаш добива голем број коментари и комплименти на сметка на својот феноменален женствен изглед.
На фотографијата може да се види нејзиното чисто лице без брчки и со убав тен, а пејачката така изгледа и кога ќе се изгаснат светлата од рефлекторите и додека се опушта со својата мала наследничка.
Сани важи за една од најплатените и пејачки кај нас, а за нејзините настапи секогаш се бара место повеќе.