Македонската фолкерка покажа како се оддржува во форма – скокна во хеланките, ги засука ракавите и се фати за работа!
Со години трае на македонската музичка сцена, но секогаш знае како да внесе свежина и да привлече внимание.
Жена која се чини дека не старее и со текот на годините изгледа се поубава.
Фолк пејачката Ирена Спасовска важи за дама која умее да се негува, а деновиве покажа како се одржува во топ форма.
Пејачката изгледа подобро од било кога, а тоа не е случајно. Имено, таа ги засука ракавите и се фрли на вежбање, па мора да се признае дека тоа раѓа со плод.
Имено таа објави неколку фотографии од теретана стегната во хеланки и маичка кои го оцртуваа нејзиното тело, па порача дека треба да се грижиме за своето здравје.
Сепак едно е сигурно, додека таа вежба, мажите гледаат и се потат бидејќи навистина има со што да се пофали.
Таа на социјалните мрежи во последно време се почесто објавува фотографии од своите напорни тренинзи во теретана, од кои можеме да заклучиме колку сериозно е решена да ја доведе својата линија до совршенство.
Ирена знае дека една дама треба секогаш треба да биде средена, па често е во салон за убавина каде се средува од глава до петици.
Маникир, педикир, депилација, фризура за комплетна визура. И тоа по најсовремени стандарди, за пејачката да изгледа совршено.
Познатата пејачка долги години трае на македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 година додека постоеше, а потоа се разделија и сите појдоа по свој пат.