Наши ѕвезди

Македонската супер бабичка прави вистинско шоу на сцената и на 93 години не пие лekови а еве како изгледа

Advertisement

Супер бабичка која и после 90-тата година ги урива предрасудите.

Advertisement

И покрај тоа што е 90-те години таа фантастично пее и изгледа, а освен тоа вози автомобил, шие, плете, везе, па многумина ја нарекуваат жена змеј.

Македонската музичка легенда Добрила Ивановска Чабриќ како штотуку да започнува со кариерата иако има 93 години.

Во 2018 таа учествуваше во музичкото шоу „Никад није касно“ каде со своите настапи и глас ги воодушеви сите, па ако мислите дека нешто не можете да направите или дека е предоцна би требало да ја прочитате нејзината приказна и да го следите нејзиниот пример.

Advertisement

Осven што прекрасно пее, за Добрила е интересно што оваа дама никогаш не зема ле-кови и не се жали.

Таа за себе вели дека е одличен возач и дека го сака чувството кога е во автомобил.

Доказ дека нејзиниот дух не старее беше и додворувач кој според медиумите, постојано и испраќал цвеќиња, а имал 47 години.

Сепак таа само се заблагодари за ваквиот гест и за „ТВ Прва“ рече дека не е за брак.

-Не можам сега да се врзам рече таа и нагласи дека секој уникатен настап што го имаше на шоуто „Никад није касно“ сама го осмислувала

Веднаш по победата на едно од најпопуларните музички шоуа, нејзините телефони не престанаа да ѕвонат, а сите новинари сакаат да направат интервју со Добрила.

ФОТО: Добрила Ивановска Чабриќ/Фејсбук
ФОТО: Добрила Ивановска Чабриќ/Фејсбук

Освен што прекрасно пее Добрила е и актерка.

Со актерството почнала да се занимава кога имала 17 години.

„Мојот татко беше учител и доби служба во Скопје. Брзи курсеви, брзи кадрови, ме запишаа да бидам професор за музика. Таму почувствуваа дека имам други таленти, сакаа да бидам оперски пејач. После дипломата ми рекоа дека ќе дојдам во опера.

ФОТО: Добрила Ивановска Чабриќ/Фејсбук

Но, кога поминував покрај театарот видов оглас за актери. На аудицијата имаше големи ѕвезди. Кога дојде ред на мене, им реков дека поминав и влегов иако не сум подготвена. Ми рекоа да прочитам рецитација и ме примија. Ми рекоа „од први си наш член“ и така станав глумица“, рече Добрила во интервју за емисијата „Магазин“.

Добрила Ивановска Чабриќ

Освен тоа, таа има талент и за дизајнирање облека.

„Многу бев немирна како мала и мајка ми мѝ даваше да плетам и шијам за да не ѝ додевам. Така научив. Земав часови во Белград, направив подоцна ревија. Сè што правам, правам со љубов и со страст и затоа ми е убав животот.

Одам на тоа да живеам многу долго до 130 години и сакам да бидам пример како да се живее позитивно и весело. И од најголема трагедија знам да направам комедија. Ги превртувам работите за биде убаво“, вели мултиталентираната Добрила.

Била омажена со Миленко Чабриќ со кого го има еден син, кој за жал повеќе не е меѓу живите.

Добрила неодамна и покрај ситуацијата со пандемијата коронавирус, супер бабичката ги собра најдрагите пријатели и приреди забава во родниот Дојран, затоа што како што вели, преживеала век со песна и оптимизам и нема причина за 93. роденден да биде поинаку.

-Животот е еден и треба да се проживее и да се слави од ден во ден без никаква причина. Не се откажувам од дружбата, од пријателите, музиката ни животот. Секој ден ми е нов ден во кој можам многу работи да направам – вели Добрила за „Гранд онлајн“ и додава дека одамна донела одлука дека ќе ужива со полна гради и дека секој ден ќе го слави како да е посебен.

ФОТО: Добрила Ивановска Чабриќ/Фејсбук

 

ФОТО: Добрила Ивановска Чабриќ/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button