Наши ѕвезди

Македонската пејачка се врати во својата татковина – погледнете го нејзиниот дом

Македонската пејачка за празниците се врати во својата татковина.

Advertisement

Само дома си е дома и овде го наоѓа својот мир.

Марија Груевска огромна популарност стекна со своето учество на најпопуларното музичко шоу на Балканот, Ѕвездите на Гранд.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

Марија од круг во круг беше сѐ подобра, а голем впечаток оставаа нејзините ексцентрични креации.

Одлични сценски настапи, фантастичен глас, совршено одбрана гардероба за на сцена – Марија буквално изгледаше како светска ѕвезда.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

Иако ѝ се предвидуваше успешна кариера кај нас и во регионот, Марија сепак одлучи да се повлече и си замина од својата татковина.

По потекло е од Охрид, а веќе неколку години заедно со сопругот живее во Германија.

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

На нејзините социјални мрежи може да се види дека таа навистина ужива и во Германија, а и самата кажа дека веќе и таму почнала да се чувствува како дома.

Сепак, дома си е дома, па Марија одлучи да се врати во Охрид за новогодишните празници.

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

На Инстаграм сподели фотографии и снимки направени во нејзиниот дом.

Својот талент за пеење го наследила од својот татко, со кој честопати знаат заедно да запеат.

И за празниците Марија и нејзиниот татко ги забавуваа домашните со песна.

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button