Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка како султанките од харемот – внимавајте, ова не е за оние со слабо срце!

Повторно во центарот на вниманието

Реклама

Пејачката направи хаос на социјалните мрежи

Шармантната битолчанка, Марија Тодоровска, во јавноста попозната како Марија Луиса, важи за една од најбараните пејачки во нашите клубови која со својата провокативна појава и беспрекорно тело од милион долари, привлекува внимание на многумина.

Но покрај својата музичка кариера и постојаните настапи низ градовите во Македонија, Марија е поприлично активна и на социјалните мрежи преку кои редовно се огласува.

Маркетинг

Таа често објавува најразлични детали од своето секојдневие, но и од настапите на кои речиси секогаш е провокативно облечена.

Маркетинг
Инстаграм/ Марија Луиса

Па така неодамна сподели снимка од еден свој настап и ги изненади сите со бакшишот што го доби, а сега пак и со нешто друго.

Инстаграм/ Марија Луиса

Имено, Марија реши да ги изненади своите верни фанови, па објави едно видео со кое покаѓа како танцува во занесно издание.

Облечена максимално провокативно, во градник и црни, латекс гаќички украсени со златни синџири, пејачката во преден план го истакна своето извајано тело, а нејзините заводливи движења пред камерите и овој пат никого не оставија рамнодушен.

Инстаграм/ Марија Луиса

„И јас да замешам“, напиша таа под видеото алудирајќи најверојатно на своите колешки кои на ваков начин привлекуваат внимание.

Инстаграм/ Марија Луиса

Потсетуваме, Марија покрај својата музичка кариера, во последно време се’ повеќе привлекува внимание и со своите „пикантни“ објави на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Марија Луиса

Провокативните изданија се нејзиниот заштитен знак и задолжителен дел од нејзиниот имиџ, со што таа успешно ја освојува публиката, но и симпатиите на своите бројни фанови.

Инстаграм/ Марија Луиса

Станува збор за млада уметница која предизвикува внимание и со својот провокативен имиџ, но и со животниот стил што го „фура“, па многумина се сигурни дека пред неа е блескава кариера, посебно ако продолжи на еден ваков начин да буди интерес кај јавноста.

Инстаграм/ Марија Луиса

Впрочем, тоа е дел од шоубизнисот, како во светот така и кај нас, а Луиса очигледно многу добро знае како тоа да го прави…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button