Македонската пејачка имала среќа – погледнете колку ѝ помага ќеркичката во домот
Македонската пејачка се пофали дека ќерка ѝ ѝ помага околу домот уште од мала.

Бојана покажа дел од својата кујна и нејзината наследничка која ѝ помага да измие садови.
Некогашната водителка и пејачка Бојана Скендеровски првпат се појави во јавност во музичкото шоу „Плеј потрага по ѕвезда“ во 2002 година.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Оттогаш започна нејзината музичка приказна, а подоцна заплови и во водителските води.
Бојана беше мега-популарна на почетокот на 2000-тите, а нејзините песни беа на врвот на топ-листите.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Генерацијата од тој период со сигурност ги памети „Око мое“, “Во дилема“, „Немам одбрана“ кои беа големи хитови.
Некогаш младото и амбициозно девојче денес е зрела жена, посветена на семејството и истовремено на семејниот бизнис, продукцијата „Скендеровски”.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Иако еден период нејзината музичка кариера беше на пауза, Бојана се врати на голема врата.
Она што мора да се признае е тоа дека Бојана важи за една жените на естрадата кои максимално обрнуваат внимание на својот изглед.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Освен што е успешна бизнис жена, таа е посветена мајка и сопруга.
Мајка е на две деца, синот Ѓорѓи и ќерката Искра.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Честопати на својот Инстаграм профил споделува фотографии од своето семејство и домот, а овој пат покажа дел од кујната.
Нејзината ќерка Искра ѝ помага во миењето садови, а таа гордо вели: „Каква умница имам ej“.