Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка буквално СЕ ПРЕПОЛОВИ: ДАЛИ ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ? Погледнете како изгледа денес

Реклама

Македонската пејачка направи огромна трансформација, нема да ја препознаете. Се пофали со новиот изглед.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Маја Саздановска е пејачката со чии песни пораснаа многу генерации. Музичката кариера ја започна уште како мало девојче, како дел од најпопуларните детски емисии.

На само 5-годишна возраст ја снимила првата песна „Глушец ушец“ за детската серија „До ре ми“.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Маја беше и дел од вокалите кои ја изведуваат најпопуларната песна „Во светот на бајките“.

Несомнено важи за еден од најдобрите вокали кај нас. Но таа повеќе од 10 години апстинира од музичката сцена. Соло кариерата ја стави во втор план.

Од 2015 работи во Македонската опера и балет, во дирекцијата на операта, како организатор на оперски прашања. Вели дека е премногу среќна со новото работно место, затоа што работата ѝ е динамична и постојано е во контакт со многу луѓе.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Талентот за музиката сепак го носи во гените.

Пред неколку години пејачката се соочи со голема животна трагедија. Таа го изгуби сопругот Сашо Лилчиќ и остана сама со својата штотуку родена ќерка Срна.

После само 11 месеци од раѓањето на Срна, Маја остана сама со неа. Преку ноќ стана самохрана мајка. Иако Срна не се сеќава на нејзиниот татко, Маја вели дека секојдневно се труди споменот за него никогаш да не згасне.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

„Мојот сопруг многу ја сакаше Срна и се трудам тоа да ѝ го раскажам секојдневно, барем да си направи слика што и како би било. Таа е исклучително темпераментно дете, кое па е и доста итро. И знае да ме реши во неколку потега иако и јас се држам многу добро. Не е лесно, предизвике голем. Врмеето ќе си каже зошто и како некои работи се случуваат. Едноставно сме му благодарни на Бога на секој ден подарен и за здравје и за среќата.

Срна беше многу мала, 11 месеци. На ништо не се сеќава. Таа расте во духот на она што било. Се трудам да и ги раскажам убавите работи.Се трудам да и ги кажам убавите работи. Но, тука се бабите и дедовците кои имаат малку повеќе работа од мене да ѝ ги пренесат сите спомени и да ги раскажат сите моменти кои јас некогаш и не можам. Прашува, што е многу нормално, прашува и разбира. Мене ми е само жал што мораше малку побрзо да порасне. Мора да се носи паралелно со обврските, помагајќи ми и мене ја расте многу побрзо и ја прави да перцепира некои работи за кои јас ѝ велам„мама главата е за мислење“, раскажа пејачката за Бекстејџ.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Но, и покрај сѐ, таа не се откажува од љубовта и искрено се надева дека некогаш повторно ќе љуби.

Голема љубов и пасија во животот ѝ се шминките. Во слободно време се занимава со разубавување на припаднички на понежниот пол.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

„Кога ќе се нафатам на нешто, како шминкањето, јас го доведувам до перфекција. Уште еднаш ќе ти кажам, благодарам на комплиметот дека одлично шминкам, тоа е една голема моја љубов, која од хоби и задоволство премина во професионален израз и опсесија. Многу ликови ми поминале под рацете, многу проекти и тоа е една од работите која ме прават посебно среќна и горда“, вели пејачката.

Изминативе 3 години Маја максимално се посвети на доведување на својата линија до перфекција.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Редовно вежба и внимава на исбраната и изгледа фантастично.

Сега гордо го покажува своето тело на Инстаграм.

Од исхраната исфрлила многу намирници и повеќе од три години не пробала тесто, тестенини, леб, скроб, шеќери.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Вели дека цела облека што ја имала сега и е широка, но дека тоа воопшто не ѝ пречи.

Мора да се признае дека изгледа одлично.

Погледнете и уверете се:

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

4

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button