Македонската пејачка буквално се преполови- Откри колку килограми ослабела и вистинската причина за која се одлучи за операција
Македонската популарна пејачка буквално се преполови, па позираше во провокативно издание.
Од моментот кога за првпат се појави на музичката сцена таа доби доста пофалби за својот глас, но и критики на сметка на својата тежина и вишок килограми.
Ивона Јовановиќ или позната како Ивона Јо учествуваше во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде тогашен член на жирито беше Јелена Карлеуша и упати жестоки критики на сметка на Ивона и нејзината тежина.
По ова Ивона соопшти дека веќе никогаш повторно нема да настапува на ова шоу, па успешно се носеше со својата фигура и беше горда на неа.
Сепак неодамна таа реши да направи стеснување на желудникот и да започне процес на слабеење.
Овој процес воопшто не беше лесен, а таа заедно со своите фанови споделуваше низ што точно поминува и како се чувствува.
Често одговараше и на прашања што јаде, колку долго трае закрепнувањето од операцијата и слично.
Ивона неколку месеци после операцијата постојано е активна на социјалните мрежи и често споделува како напредува и колку ослабела.
Таа често позира во тесни фустанчиња, а овојпат позираше во кожно кратко фустанче со голи рамена, а комплиментите стигаа од сите страни.
Доколку ги погледнете нејзините објави не е тешко да забележите дека таа буквално се преполови.
При гостување во емисијата „Жешко столче“ таа сподели дека ослабела цели 53 килограми и истакна дека премногу бил фокусот на нејзината дебелина, а не на нејзиниот глас.
Како што кажа, таа не направила операција поради критиките за дебелина туку поради здравствени причини.