Македонската кралица на Барбиките и принцот на трубите и покај КОРОНАВИРУСОТ направија xaoc на социјалните мрежи!
Се споија Џамбо и Барбика и навистина настана лудница!
И додека многумина се жалат заради кризата што ја предизвика вирусот корона, атрактивната Сања Барби и Џамбо Агушев пред неколку месеци снимија провокативен спот за песната „Барбика кралица“.
Во видеото можеме да видиме жешки и страсни сцени со фолкерката која никогаш не изгледала подобро, но од коментарите под видеото очигледно дека песната не помина добро кај публиката. И покрај минијатурните фустанчиња и сексапилната долна облека, како и генијалните труби на Агушев, новиот звук што се обиде да го произведе оваа позната двојка не наиде на позитивен фидбек.
Сања можеби никогаш не изгледала подобро, но очигледно дека тоа не беше доволно за да ја воодушеви публиката.
Видеото досега има преку 100.000 прегледи на Јутјуб, што за наши услови и не е така лошо, но сепак далеку е од она што се очекуваше. А ако земеме во предвид и дека има повеќе негативни од позитивни коментари, и многу „дислајкови“, можеме да заклучиме дека експериментот не беше успешен. Но сигурни сме дека се на добар пат да го направат тоа и во следната прилика ќе направат бум.
Но од друга страна мораме да мораме да признаеме и дека нивното видео подигна најмногу прашина ова лето.
Барбиката изгледа топ во видеото, Џамбо исто така, па искрено се надеваме дека со следнaто соработка ќе ја погодат мусичката „формула“.
Исто така мораме да признаеме дека и Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски, кои беа задолжени за изгледот на Барбиката, одлично си ја сработија работата, како и Дарио Јанковиќ како автор на видеото.
Почетокот од видеото е можеби и најпровокативен – згодната Сања Цинцева облечена само во долна облека и „оверсајз“ тексас јакна седи сама на тросед. Таа и во останатите кадри се појавува во провокативни изданија, а повеќе детали ќе видите во видеото што се наоѓа во рамките на овој текст.
„Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек“, изјави Сања.
Што се однесува до негативните коментари, Сања за Слободен Печат во една пригода изјави:
„Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура. Не бираат зборови кога навредуваат, а за мене тоа се злобни, неуспешни и нереализирани луѓе. Очигледно немаат што да прават во својот живот, несреќни се, па затоа плукаат и хејтаат по се. „Барбика кралица“ е нов звук на овие простори, досега немало ваква тема, па затоа е и критикувана. Морам да нагласам дека има и многу позитивни коментари, но нели, како и секогаш, ние прво се „фаќаме“ за негативните“ вели таа додавајќи дека со Џамбо се познаваат долги години. Тие и двајцата се од Струмица, а Џамбо свирел труба и во други песни на оваа атрактивна млада дама.
Инаку, Сања Цинцева е поприлично актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања во претходните години, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично кај тамошната публика. Во продолжение погледнете уште неколку изданија на нашата убава Барбика…