Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда растури со песна од Тоше Проески – во бексјетџот беше и неговиот брат

Пејачот реши да ги послуша критиките на Вики и веднаш се „фрли“ на сериозна диета

Реклама

Повторно ги воодушеви сите

Младиот пејач од Македонија, Омар Џаферовски, со својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите.

Омар потполно заслужено освои шест гласови, а по настапот сам ги сумираше импресиите и пред камерите на Гранд искрено изјави дека ова било неговиот најдобар настап во шоуто.

Маркетинг

„Задоволен сум, ги исполнив своите очекувања, но и на очекувањата на менторот, како и на жирито“, изјави Омар кој во првиот круг се претстави со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, тој во овој круг беше придружуван од неговиот брак кој исто така ги воодушеви припадничките на понежниот пол.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој беше во бекстејџот за да го поддржи натпреварувачот, насмеан и расположен што неговиот брат помина одлично.

Како изгледа братот на Омар, погледнете во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Ќе ги послуша советите на Вики

Потсетуваме, Омар во една од претходните емисии доби жестоки критики од Вики Миљковиќ на сметка на неговиот изглед.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, кумата на Цеца Ражнатовиќ тогаш го критикуваше дека треба да се фрли на диета и да ослабне неколку килограми, кога Марија Шерифовиќ се вмеша во критиките и застана на страната на Омар (види тука), критикувајќи ја Вики дека претерува.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но тој сега самиот изјави дека решил да го послуша советот што го добил од Вики и дека веќе започнал со својата диета.

„Конечно започнав со диета и добро ми оди. Јас до пред година дена бев многу активен во теретана, но заради повреда на грбот морав да престанам со теретаната. Се опушпив малку, нема да лажам, Но сега работам на тоа, сé да биде фул пакет“, изјави Омар за Гранд.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како изгледаше неговиот последен настап, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button