Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда откри дека е оженет со малолетна девојка, водителот во „шок“ (видео)

Познатиот водител Давид Давидовски веднаш го праша да не прекршил некој закон...

Реклама

Младиот пејач Александар Темелков (24) кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна се оствари во улога на татко.

Тој и неговата партнерка Сара добија машко дете на кого му го дадоа името Мите, а оваа вест ги израдува неговите фанови.

На Темелков и покрај тоа што во „Ѕвездите на Гранд“ му се случи непријатна ситуација кога реши демонстративно и своеволно да ја напушти сцената, пејачот не крие дека има и многу убави спомени од овие денови. Но сепак, она што му се случи на неговиот последен настап на грандиозната сцена и пред милионската публика многу го повреди, а во емисијата „Ти реков ми рече“ со Диавид Давидовски овие денови за прв пат откри и дека му барале мито од 20.000 евра, за да продолжи со натпреварот, но тој ја одбил понудата.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Ти реков ми рече

Темелков со оваа своја изјава предизвика бура од реакции (види тука), но во емисијата откри уште еден интересен детаљ од неговиот живот.

Маркетинг

Имено, младиот пејач во емисијата зборуваше како се запознал со својата сопруга, но откри и дека таа се уште е малолетна.

Инстаграм/ Александар Темелков

„Доста е помлада од мене, има 17 години“, изјави Темелков, а водителот го праша во шега случајно да не направил некоја кривично дело.

„Не, не, се си е одобрено со закон. Одобрено од родители, одобрено од суд“, вели младиот шармантен пејач во емисијата додавајќи дека со саканата се запознале на еден негов настап во Тетово.

Тие потоа почнала да излегуваат, останале во контакт, па така се зајакнала и нивната врска, по што Сара останала бремена.

„Ни се роди синче. Се вика Мите, се надевам кога ќе порасне ќе чекори по стапките на татко му“, вели Александар во емисијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button