Македонската Бијонсе јавно му изрази љубов на саканиот – емотивна исповед што сите ги изненади (фото)
Македонската пејачка со романтична честитка за својот сакан.
Марија целосно искрена и вљубена како првиот ден.
Гранд Ѕвездата од Македонија, Марија Груевска со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ стекна популарност низ целиот Балкан.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Уште со првиот настап на шоуто, македонската Бијонсе, како што многумина ја нарекуваат Марија ги остави сите со подзинати усти.
Секој нејзин настап беше осмислен до перфекција, а особено впечатливи беа нејзините костими, направени токму за неа и за ова шоу.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
По завршувањето на шоуто, нејзиниот живот целосно се промени.
Прво, заплови во брачните води со нејзиниот долгогодишен партнер Синиша Стојаноски.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Синиша ѝ е најголема поддршка на Марија во сѐ што прави и секогаш ја придружуваше кога имаше настап во Гранд.
Нивната свадба траеше три дена и на неа присуствуваа многу колеги на пејачката.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Иако музичката кариера на пејачката тргна само во нагорна линија, тие двајца сепак одлучија да заминат од Балканот.
Синиша и Марија се преселија во Германија, каде веќе жвеат повеќе од година.
По повод роденденот на Синиша, Марија објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм и напиша романтична честитка: