Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Бијонсе откри нешто што никој не го знаеше за неа – ќе се изненадите како изгледал животот на нашата Гранд ѕвезда

Реклама

Оригинална, своја, талентирана, успешна, амбициозна, млада и убава, се зборовите со кои на кратко може да се опише девојката која за многу брзо време освен македонската, ја освои и балканската публика.

Ја нарекуваат македонската Бијонсе, а позната е по учиствата на многу регионални музички шоуа и фестивали.

Маркетинг

Марија Груевска публиката ја освои со учеството на музичккиот натпревар Ѕвездите на Гранд, каде за секој нејзин настап се зборуваше со денови после тоа.

По потекло е од Битола, а на свои 23 години веќе добро си го има зацементирано патот по кој ќе се движи само кон успех во музичката кариера.

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Уште со првиот настап беше веднаш забележана, а балканската ѕвезда Јелена Карлруша за неа кажа дека донела висока мода во Ѕвездите на Гранд.

Маркетинг

За еден натпреварувач да постигне таков голем успех потребен е сериозен тим, кој мактрпни ќе работи и ќе стои зад изведувачот, а тоа секако ќе вроди со плод.Најголема поддршка на Марија ѝ е семејството, нејзиниот татко и мајка ѝ која секогаш ги осмислуваат нејзините настапи, а мајка ѝ и помага и во изборот на гардероба.

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

„За мене Ѕвездите на Гранд беше место и простор медиумски да го претставиме она што го работиме и така и беше. Јас и мојот професор се занимававме повеќе со џез и блуз, но сепак сме во Македонија, па одлучивме сите наши балкански песни да ги преработиме во верзија која ќе може цел свет да ги разбере“, кажа младата пејачка во интервјутот за емисијата „Магазин“.

Фото: Принтскрин

Таа во шоуто заврши на престижното 6-то место, а нејзиниот колега Мите Стоилков од Струмица го освои 4-то место. За Марија ова претставува огромен успех и таа им се заблагодари на сите свои сограѓани кои гласале за нив.

Малкумина знаат, но Марија на сцената е уште од мала. во 2007 година учествувала на Детската Евровизија со песната „Happy day“, а потоа се пријавила за Икс Фактор, а има настапувано и на фестивалот Макфест.

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Растена е со џез, класична и рок музика, музиката која ја слушал нејзиниот татко.

Тој редовно ја поддржуваше зад сцената, а исто така беше задолжен да идеите односно сценскиот настап.

„Инспирација всушност ми беше таа, кога ќе ја познавате својата ќерка како јас неа, тогаш знаете што има таа во себе, што сака да покаже. Марија сака да ја покаже жената во секое лице, и успеа во тоа“, изјави Груевски за својата ќерка.

Фото: Принтскрин

„Ние ги поместуваме границите, тешко е во денешно време да ги поместувате границите, но немој мора, ние прифативме дека ќе име и вакви и онакви реакции, но ние сите ги прифативме“, заклучи Груевски.

Она што малкумина го знаат е тоа дека нејзиниот татко е свештеник, па поради природата на неговата професија Марија и целото семејство морале постојано да се селат на местата каде што тој бил ангажиран.

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Пејачката откри дека вкупно досега се има селено 23 пати, колку што има и години.

Вели дека доколку си социјален многу брзо ќе се прилагодиш на различни места и откри каде се живеела.

„Главно низ Македонија. Мојот татко е свештеник по професија, како што го преместувале по различни градови да работи, така и ние сме се селеле со него. Се запишав на факултет па Скопје-Битола, секоја година сум се селела, па така 23 пати се собраа.

Мислам дека не е многу тешко да се прилагодиш ако си социјален тип ако можеш да се прилагодиш секаде. Баш е подобро, да имаш пријатели од секаде“, кажа Марија.

Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Гранд.онлајн

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Фото: Инстаграм / Марија Груевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button