Маж си истетовира стомачни за да биде подготвен за летото

Можете ли да замислите да имате стомачни за само неколку дена? Па, еден уметник за тетоважи му го подарил на маж телото од соништата откако му истетовирал пакет од шест стомачни на стомакот.
Дин Гантер, уметник за тетоважи од Манчестер, имал задача да му нацрта стомачни на човек кој сакал да биде подготвен за летото без да оди во теретана.
Целиот процес траел вкупно два дена, што е значително пократко од времето што би го поминал во теретана за да ги добие природно.
Дин рече: „Тој отсекогаш сакаше да има стомачни, но не е премногу заинтересиран да оди во теретана или да држи диета”.
„Тој одлучи дека со тетоважа со стомачни, секогаш ќе изгледа подготвено за лето, а сепак ќе може да ужива во пивото и добрата храна”.

„Бев возбуден да ја направам оваа тетоважа затоа што сум видел и претходно некој да ја направи, но не изгледала реално и изработена е само со црни контури”.
„Ова беше навистина несекојдневно барање, но го прифатив”.

Видеото од целиот процес на тетовирање на Тик Ток има илјадници прегледи.
На видеото најпрво се гледа како Дин ја лупи матрицата за да покаже виолетови контури на стомакот на мажот, пред да покаже како внимателно ги истетовира вајаните мускули на стомакот.

Клиентот задоволно и гордо ја крева маицата за да ги покаже стомачните кои го прикриваат неговиот прилично голем стомак.
