Реклама
Интервју

„Мажот секогаш мисли дека дава сé од себе, а на жената никогаш не и е доволно“

Реклама

Интервју со Сара Мејс

Нашата пејачка со убаво лице, заразна насмевка и вокални способности на кои многу пејачки можат само да и завидуваат, на 2 јули имаше концертна промоција на проектот FEMME FATALE. Песната “Копито“ е дел од овој проект, а за потребите на спотот таа се трансформираше во модерна хероина која со својот провокативен стил никого не остави рамнодушен. По сите обврски, успеавме да ја фатиме Сара да ни раскаже како се спрема за летото, што мисли за модата, но отворивме и некои други женски муабети на тема убавина и мејк-ап.

FEMME FATALE е новиот проект на Принц  во кој значаен придонес имаш ти. Раскажи ни нешто повеќе за тоа…

Маркетинг

Концертната промоција на FEMME FATALE беше една од најдобрите сценски искуства за мене. Ми беше особена чест и задоволство да ја делам со такви музичаришта. Уживав во секоја песна и сечија изведба.

Би се радувала и би ми било задоволство доколку вакви настани би се случувале почесто на нашата сцена.

Постојано го менуваш со стилот како и со фризурите. Која е твојата омилена фризура и моден стил?

Во однос на модниот стајлинг и мејк ап- от се препуштам целосно на Фросина Ангеловска од ФРАН, а кога сме кај фризурите за тоа е задолжен Дарко Петковски од Хеирхаус, кој секогаш има нова идеја за нова фризура, истовремено совршено дополнувајќи го стајлингот.

Омилено ми е да им верувам на овие двајца преталентирани професионалци и прекреативни суштества. Кога се препуштам на нив знам дека нема за што да се грижам, само треба да се насладувам на финалниот лук . ?

Кажи ни нешто повеќе за твоето училиште „Piano Forte Music School“?

Од септември започнувам 3та година “учителство по поп пеење” :). Искрено ми е преубаво, децата се најчистите и најискрените суштества на планетава. Многу учам од нив. Често имаме настапи и концерти со пејачите како солисти и како дел од акустично дуо, трио или фул бенд (сето тоа се разбира со останатиот дел на деца свирачи во поп одделот во Пијанофорте). Супер ни е, учиме дишење, техника, пеење, се дружиме, се сакаме. На тој начин пораснавме во класа од 15 деца ? (дел од нив индивидуална, дел групна настава).

Колку Сара се промени откако стана мајка? И што најчесто те загрижува или се плашиш кога ја оставаш Илина некој да ја чува?

Највеќе си ја чуваме јас и Димитар па така не пропушатме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба и’, така што, од сите страни е во добри раце ? а дали сум сменета? Па, не знам…. мислам дека да, но позитивно… Открив нова димензија ЉУБОВ…. #Илина ❤️

Како е да се има куче и бебенце дома? Како Атос реагира на Илина?

На почетокот му беше нејасно и беше малку љубоморен на неа, но сега веќе топчето прво на неа и’ го носи :) А Илина го обожава од прв ден. Станува се поинтересна нивната конекција, а мислам дека за година, две ќе може да бидат неразделни и најдобри другари.

Каков сопруг и тато е Димитар, ти помага ли околу Илина?

Уф. Тешко прашање. Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не и е доволно :) Помага, а највеќе кога е одморен. ?Одличен татко е, Илина го обожава. Исто и сопруг. И жена му така ?

Твојата музика е уникатна на овие простори. Како би го опишала твојот музички стил?

Недосаден ?

Кои ти се омилени македонски дизајнери? И дали носиш нивна облека?

ФРАН ❤️ Соработуваме веќе 5 години, а не би го менувала овој бренд во наредни 55 сигурно. ? Знаев дека ќе биде моја омилена дизајнерка уште при првата соработка. Фросе е многу смела, храбра, креативна и дрска дама. Моја втора половинка. Веднаш се споивме засекогаш. Не би ја менувала за ништо на светов.

Шминката и стајлингот на Сара во новиот спот е дело на Фран и Дарко Петковски од Хеирхаус.

Таа секогаш знае како да ме направи своја, уникатна, полна со самодоверба и спремна за перформанс.

Кои ти се плановите за ова лето? Ќе биде работно или опуштено?

Како што кажав и погоре, првиот концерт од серијата FEMME FATALE беше пред само неколку дена, во Епицентар, Скопје. И беше одличен. На 8ми август ќе бидам гостин солист со Битолскиот камерниот оркестар во Битола, на Ракометното игралиште. Битолчани, бујрум ? …..Воедно во студиото Алшар ја снимивме нова песна „Бакар боја“, лајв сешн заедно со Симеон Англеовски-басист, Теона Јовановска-вокaл , Драган Тедосивески-тапани, а продуцентот е Ивица Јанкуловки. Многу сум возбудена заради тоа што оваа песна е мое авторско парче музика инспирирано од друг вид муза која сами ќе ја откриете… сигурно  ќе им се допадне многу на фановите кои ја обожаваа „Градина од цреши“.?

Како ја одржуваш твојата линија? Внимаваш ли на исхраната?

Искрено, Derma Bella се клучниот и најзаслужен фактор. Бев многу здебелена после раѓањето на Илина, но со редовни кавитации, LPG третмани, масажи и малку внимавање на исхрана успеав да симнам 10 кг…. aaand keep counting…?

Која козметика ја користиш и како ја негуваш твојата кожа?

Само Сибирско здравје. Крема за лице, очи, тело, купка за бањање, млеко…

Подготвил: Берта Мартиноска

Поврзано

Back to top button