Маестрално друштво – погледнете кој им дојде на гости на Тања и Новица во Австралија
Популарните македонски музичари се собраа на едно место.

Тања покажа во какво маестрално друштво ужива дома.
Македонските пејачи Новица Василевски и Татјана Лазаревска долги години живеат и работат во елбурн, Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Во потрага по подобар живот, Тања и Новица, заедно со синовите Петар и Стефан заминаа во оваа далечна земја и воопшто не се покајаа.
Иако сите мислеа дека со отселувањето пејачите ќе престанат да се занимаваат со музика, напротив, тие работат со полна пареа.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Скоро нема викенд да не се ангажирани на некоја свирка.
Македонците од дијаспората ги обожаваат.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Фолк-пејачите се едни од најбараните пејачи во дијаспората.
Секогаш кога некој музичар оди на турнеја во Австралија невозможно е да не помине на гости кај Тања и Новица.
Така беше и овој пат.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Момците од групата „Маестро“ се на турнеја во Австралија и токму затоа свратија и во домот на познатиот македонски пар.
Тања и Новица ги пречекаа со традиционални македонски специјалитети, а средбата се овековечи со фотографија.
„Маестрална дружба во нашиот дом“, напиша Тања во опис на фотографијата.