Лила Филиповска реши да си ги спакува куферите и да „отплови“ од МАКЕДОНИЈА – погледнете со кого сега ужива во Турција!

Еве како изгледа кога патува нашата позната дама

Стилот на убавата водителка за оваа пригода беше лежерен, но и овој пат успеа да остави добар впечаток.
Нашата позната водителка Лила Филиповска покрај сјајната физичка линија има и специфичен моден вкус.
Нејзините модни комбинации многу модерни дами радо ги копираат, а позната е и по тоа што знае како да склопи интересни и тренди парчиња од различни брендови и стилови, и да изгледа впечатливо.
Познатата водителка ги воодушеви своите фанови на Инстаграм и со модната комбинација и ефектните нијанси и дезени кои се потполно во духот на новата пролетна сезона и излегување од монотоните тонови.

Имено, таа ги спакува куферите и реши да отплови неколку дена во Турција, а беше облечена во тесни маскирни панталони кои ги комбинираше со „тренди“ шарени патики и мала чантичка од престижната дизајнерска модна куќа Луј Витон која што е сон на секоја дама.

Инаку, познатата водителка на ова патување замина заедно со својот колега и драг пријател Спасе Јовановски . На аеродромот тие се сретнаа со бројни обожаватели со кои шармантната водителка се поздрави.

Модните приказни на нејзиниот Инстаграм се редат како на лента, а овој пат не воодушеви и со заштитната маска.
Лила ова на прв поглед спортско модно издание, го зачини со ефектни модни детали, а златната заштитна маска која што ја носеше во комбинација со нежната блуска потполно се вклопи и договараше со бојата на чантичката.

Таа целото издание го заокружи со тренди очила за сонце и шик фризура, а посебен печат даде и со црната кожна јакничка.
Па доколку сакате да изгледате интересно оваа пролет, изберете ефектни детали како Лила.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
