Лила Филиповска изгледа неодоливо и во петтата деценија од животот – нејзиното тело и без грам фотошоп е совршено!
Нашата најпозната водителка, Лила Филиповска, на својот профил на Инстаграм ни покажа дека и во петтата деценија изгледа феноменално во костим за капење.
Под нејзините фотографии следуваа бројни коментари и комплименти од обожавателите на сметка на нејзиниот изглед.
Откако неодамна позираше во еденоделен модел, убавата водителка денес ни покажа дека изгледа подеднакво добро и кога „фура“ еден ваков тренди модел.
Од фотографиите можеме да заклучиме дека Лила е жена која поседува несекојдневна убавина, но и дама која знае како да води грижа за својот изглед.
Како и што прилега за одмор, Лила времето го минува во шик костими за капење, а моделот со кој позираше овој пат изгледа како создаден за нејзиното убаво тело.
Таа со насмевка на лицето позира во модел со мошне интересен горен дел, додека преку долниот носи црвена наметка.
Очигледно каков модел и да избере не може да погреши, но и дека годините не и можат ништо на убавата водителка. Беше згодна, згодна и си остана. Браво!