Лила Филиповска во младоста била медицинска сестра – еве зошто во болницата колегите ја викале „сестрата со карминот“
Нашата водителка Лила Филиповска важи за една од најпознатите дами во Македонија.
Покрај нејзината емисија „Се’ или нешто“ таа е мошне популарна и на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии, а неодамна гостуваше и во емисијата „Вечер со Тијана“ каде се појави во поприлично провокативно издание и зборуваше отворено за себе.
https://www.instagram.com/p/BlTWyfkgsj9/?taken-by=lilafilipovska
Што се однесува до нејзиниот шик изглед, таа изјави дека секогаш внимава што облекува, но и на нејзината убавина, па дури и кога работела како медицинска сестра.
„Тијана, тоа е мојот начин на живот. Јас и ко работев како медицинска сестра, на почетокот кога завршив средно школо, додека студирав, пред да почнам да работам на телевизија, работев како медицинска сестра. Можете да ги прашате тогашните колеги и колешки, кои што работеа со мене, ме викаа сестрата, кога немаше да им текне на моето име, кога бев нова – ’сестрата со карминот’. Затоа што јас при секое влегување во сестринската соба си го поправав карминот “, изјави Лила во емисијата.