Реклама
Наши ѕвезди

Лила по тешкиот период низ кој што помина ПОУБАВА И ПОСИЛНА од кога било досега во најгледаното шоу

Познатата водителка ја отвори новата сезона

Реклама

Почнува новата сезона

Познатата водителка Лила Стојановска го најави почетокот на новата сезона на најгледаното квиз-шоу во Македонија „Се или нешто“.

„Врзете се, полетуваме…“ напиша таа во описот на фотографиите со кои ги воодушеви своите бројни фанови.

Маркетинг

„Те обожавам убава жено, биди здрава и жива уште 100 години, ја красиш телевизија Сител“, беше само еден од коментарите што омилената македонска водителка го доби од своите обожаватели.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Таа позираше во светкав фустан со насмевка на лицето, а нејзината шик фризура и големите обетки ги воодушевија сите.

Но од Лила гледачите ништо помалку и не очекуваат, па со уживање го следат нејзиното шоу додека таа со својата префинета елеганција и дамски изглед ги маѓепсува како нив, така и натпреварувачите.

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Убавата водителка секогаш е стокмена од глава до пети кога е пред камерите, а тоа можевме да го видиме и во новата емисија.

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Лила едноставно блескаше кога се вклучија рефлекторите и покрај тоа што зад себе го има еден од најтешките периоди во животот.

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Потсетуваме, познатата водителка неодамна отворено прв пат зборуваше за битката што ја водеше со опаката болест.

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Имено, Лила во март оваа година во јавноста откри дека ја победила подмолната болест, па од тогаш во секоја прилика им дава силна поддршка на жените кои водат битка како нејзината потсетувајќи ги дека не се сами, но и дека постои светло на крајот од тунелот.

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Шармантната водителка во изминатиов период неколку пати отворено зборуваше на оваа тема и на тој начин се обидува да испрати силна порака, а тоа е дека во животот никогаш не треба да се предаваме, па дури и кога се соочуваме со ситуации за кои мислиме дека нема излез, да бидеме истрајни и да победиме.

Повеќе за ова прочитајте тука

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Фото: Инстаграм/ Лила Стојановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button