Лила покажа кој прв и го честиташе празникот, а потоа слатко се нагости од букетот
Еве кој прв и го честиташе празникот на Лила Филиповска.
Нашата позната водителка и инфлуенсерка секојдневно е активна на социјалните мрежи и нема ден без да објви некое интересно видео или фотографија.
Таа секојдневно рекламира најразлични производи од многу познати брендови, пa често добива и подароци од нив.
Шармантната водителка на популарното шоу „Сè или нешто“, Лила Филиповска, е жена која предизвикува внимание каде и да се појави, а фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи секогаш се проследени со бројни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
Овојпат по повод празниот на жената таа доби букет цвеќе, но нејзиниот мачор Рагнар реши да си касне од него.
Додека водителката се воодушевуваше на убавината на цвеќето, Рагнар почна да си јаде од него.
Сепак Лила на Инстаграм напиша дека токму од Рагнар ја добила првата честитка за 8-mi Март.
– Еве кој прв честиташе 8 ми Март. Рагнар-напиша Лила и додаде срциња на објавата.
Лила си доби уште неколку подароци, а на своите фанови од женската популација им го честиташе празникот на жената.
-Среќен 8 Март драги мои жени, дами, царици и лавици. Секој ден е наш ден но овој е посебен-напиша водителката.
Лила покрај тоа што може да се пофали со успешна долгогодишна кариера, секако важи и за една од оние жени за кои времето како да стои. Таа и денес изгледа беспрекорно, а во прилог на тоа зборува и тоа што нејзините фотографии и денес, на почетокот на шестата деценија од нејзиниот живот, привлекуваат внимание и се едни од најпопуларните и најлајкуваните на социјалните мрежи.