Лила и Боки 13 повеќе НЕ се пријатели – му дала преку 30 илјади евра за телевизијата, но не сакаше да открие зошто му е лута
Познатата водителка на денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше за нејзиниот однос со еден од обвинетите.
Лила Филиповска на сведочењето за случајот „Рекет“ зборуваше за нејзиниот однос со првообвинетиот Бојан Јовановски. Водителката на прашањето за луксузните одмори со Боки одговори дека го посетила само на еден ден заедно со Сергеј Варошлија додека тој бил во грчки ресорт.
Инаку, на денот на апсењето на Боки Лила била заедно со него и со новинарката Анета Кочишки. Таа појасни дека тргнале да одат за Миконос, но затоа што Боки беше уапсен, не успеале да стигнат на крајната дестинација. Што се однесува до тоа кој им го платил овој одмор, таа појасни:
Јас секогаш носам пари со мене, и ако требаше да си го платам одморот ќе си го платев. Не чекам друг да ми плаќа нешто, изјави водителката. Таа додаде дека со Боки не е скарана, но и дека повеќе не се пријатели.
„Го познавам од неговата 15 година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па пред некое време повторно се смиривме. Сега не сме скарани, но не сме ни пријатели“, изјави водителката за Боки.
Таа додаде дека дала донација за 1 ТВ од 25 илјади евра и околу 8 илјади евра позајмица за БЈМ Медиа Груп.
Таа посочи дека никогаш не земала пари од телевизијата, но дека дала бидејќи сакала да му помогне на својот пријател.
По сведочењето водителката на излегување од судот изјави дека се што имала да каже кажала пред обвинителите и судијката. На прашањето зошто повеќе не е пријателка со Боки, познатата водителка откри дека веројатно имала причина за тоа, но не сакаше да ја открие.
Таа додаде дека ги почитува своите колеги новинари, но и дека очекува дека и тие ќе ја почитуваат и разберат.