Лила ги изненади фановите- еве како ја помина новогодишната ноќ и кого држеше во прегратка
Додека многумина ја дочекаа новата година во луксузни хотели и ресторани, таа ја дочека дома и во пижами.
Иако сме навикнати да ја гледаме во гламурозни изданија, дотерана и средена како излегува и шета, овојпат таа се реши новата 2022 година да ја пречека во едно поинакво светло.
Лила Филиповска во пижами и со својот мачор Рагнар во пижами ја дочека новата година и посака да биде се ѓто старата година не беше.
– Доволно беше турбулентна оваа година на секое поле па затоа вака ќе ја испратам без помпа и фанфари … доста и беше нека си оди!!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак, сепак доста и беше!!!
Посакувам Новава да биде сè што не беше оваа …! А на вас другари јас и Рагнар (кој што изгледа многу среќно дека го сликам) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов … Среќна и успешна година, напиша Лила на Инстаграм.
Лила важи за една од најпопуларните водителки во земјава, па затоа многумина беа изненадени дека одлучи вака да ја помине новогодишната вечер.
И покрај тоа што Лила позираше во пижами, таа сепак изгледаше беспрекорно, па следеа еден куп лајкови и коментари.
Лила покрај тоа што може да се пофали со успешна долгогодишна кариера, секако важи и за една од оние жени за кои времето како да стои. Таа и денес изгледа беспрекорно, а во прилог на тоа зборува и тоа што нејзините фотографии и денес, на почетокот на шестата деценија од нејзиниот живот, привлекуваат внимание и се едни од најпопуларните и најлајкуваните на социјалните мрежи.