Наши ѕвезди

Лила во стилот на Џенифер Лопез- не се знае која од двете е позгодна

Advertisement

Најпознатата и најубавата македонска водителка и инфлуенсерка со ново интересно видео на Инстаграм.

Advertisement

Лила Филиповска во стилот на Џенифер Лопез објави видео додека чекори кон плажа и заводливо се врти и кокетира кон објективот на камерата.

Во едноделен црн костим за капење Лила ги истакна своите атрибути, а целиот стајлинг го зачини со проѕирно здолниште од тул.

Бујна коса, прекрасна става, фалеше уште само да го фрли накитот од себе а на крајот и маичката како и поп-дивата Џенифер Лопез во спотот од песната Love Don’t Cost A Thing.

Advertisement

Поп-дивата неодамна прослави 20 години јубилеј со реинтерпретација на мал дел од познатото видео за песната, каде се појавува на плажа и го фрла сиот накит од себе, а на крајот и блузата, па ова видео на Лила неодоливо потсетува на она на Џеј Ло.

Во секој случај разликата помеѓу Лила и Џенифер Лопез не е голема, двете од ден на ден се сè поубави и се чини дека годините ништо не им можат.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Лила Филиповска заедно со уште неколку колеги, пред неколку дена замина во Турција да си ги наполни батериите.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Хотелот во којшто беа сместени важи за еден од најубавите.

Лила не пропушти можност да го покаже секој детаљ од хотелот и местото на кое беа сместени, а објави и неколку фотографии и видеа во костим за капење.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Уживаше покрај базен, но и на преубавата плажа, а нејзините фанови посебно се воодушевија кога ја видоа со големите тренди очила за сонце.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Нашата позната водителка Лила Филиповска покрај сјајната физичка линија има и специфичен моден вкус.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Нејзините модни комбинации многу модерни дами радо ги копираат, а позната е и по тоа што знае како да склопи интересни и тренди парчиња од различни брендови и стилови, и да изгледа впечатливо.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Познатата водителка ги воодушеви своите фанови на Инстаграм и со модната комбинација и ефектните нијанси и дезени кои се потполно во духот на новата пролетна сезона и излегување од монотоните тонови.

ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button