Летно издание на кое НЕ можете да му најдете ниту една мана: Познатата латино дива знае како да ги истакне своите атрибути
Џенифер Лопез се врати во Њујорк и ги воодушеви сите со својот стајлинг
По краткиот одмор Џенифер Лопез се врати во Њујорк, а фоторепортерите ја снимија додека оди на опуштен ручек кога ги воодушеви сите со комбинацијата што ја носеше.
Музичката дива за оваа пригода избра елегантни панталони кои го издолжија нејзиното тело, а ги носеше со шарена кошула со риги со која го освежи целиот стајлинг. Носеше и чанта од „Chanel“ и шпиц салонки со опасни високи потпетици, додека својата бујна коса ја врза во елегантна пунџа, а лицето го украси со големи обетки – алки и предимензионирани очила за сонце со стакла со ефект на огледало.
Со оваа комбинација Џенифер уште еднаш одржа лекција и покажа како треба да се нагласат атрибутите со паметно избрани модни парчиња.