Реклама
Наши ѕвезди

Кристина конечно откри во кого е ВЉУБЕНА – и тоа ЦЕЛИ 4 ГОДИНИ!

Реклама

Таа е една од најубавите и најзгодните мајки во земјава, а сега конечно проговори за нејзината најважна животна улога.

Кога ќе се спомене името на убавата манекенка Кристина Димитриевска секогаш се поврзува со пејачот Даниел Кајмаковски со кој неколку години беше во брак. Тие важеа за еден од најскладните парови на македонската естрада, кои секогаш јавно ја споделуваа својата љубов, на која многумина им завидуваа.

Маркетинг
ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

Разликата од 13 години помеѓу нив двајца не беше никогаш пречка двајцата да уживаат о заедничките моменти. Нивата љубов уште од самиот почеток беше изложена о јавност, па токму затоа и ден денес медиумите сѐ уште ги поврзуваат еден со друг.

Во 2016 година својата љубов ја круниаа со брак, а плод на таа љубов е нивниот син Давид. И двајцата постојано споделуваат фотографии од моментите поминати со Давид. И двајцата се трудат Давид да има безгрижно детство.

Маркетинг
ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

Откако соопштија дека одлучиле да се разведат предизвикаа разочарување кај многу свои фанови. Нивната љубов заврши и секој од нив одлучи да тргне по својот пат.

Да потсетиме, за разделбата на Кристина и Даниел најпрво објавија медиумите, а потоа и самиот пејач со писмо се обрати до естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое ги потврди гласините. Тој истакна дека и покрај тоа што за никој од нив не е лесен овој период, најважно им е да бидат добри родители на нивното дете. Токму затоа и комуницираат постојано и одлично се разбираат и функционираат одлично како родители, иако повеќе не се заедно, а Давид живее со Кристина.

ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

„Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време.

Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината.

ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

Но, иако помина еден тежок период по разделбата со пејачот, Кристина сепак застана на нозе и се чини дека на убавата манекенка навистина ѝ тргна.

Доживеа големи успеси во кариерата и веќе стаува препознатлива по своето име.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

За тоа дека многумина сѐ уште ја поврзуваат со Кајмаковски во естрадниот магазин „Бекстеј“ изјави:

„Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постогнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Се издигна како Феникс од пепелта и напорно работи на својата кариера.

Во 2019 година победи на изборот за „Мис на Балканот“. 23-годишната Македонка од Тетово ја овои престижната титула.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора.
Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Македонката Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.

Но, освен во манекенството одлучи да му стане конкуренција на сопругот и да заплови и во музичките води.
Во тригодишниот брак со Даниел веројатно научи многу за естрадата, па така мотивирана реши да ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Она што многумина ги интересира дали таква убава девојка е повторно заљубена. На овинарко прашање дали е вљубена, таа одговорно дека е и тоа 4 години. Вљубена е во својот син Давид.

„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина.

Таа многу активна на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да објави и фотографии од своето семејство.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Иако е време на пандемија, таа упеа на својот син да му организира роденден од соништата. Четвртиот роденден на Давид помина во еден угостителски објект, а 4-годишното момче по тој повод си доби луксузна забава.

По тој повод и доби торта со пожарникари, најверојатно негова желба за професија.

Но, она што најмногу привлече внимание секако беше неговата згодна мајка, која никој не остави рамнодушенсо војот изглед. Среќната и горда Кристина буквално блескаше облечена во гламурозен фустан со пердуви. Изгледаше како лебед.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Манекенката во „Бекстеј“ одговори и зошто Даниел не присуствувал на роденденсата забава.

„Јас сум му и мајка и татко на модето дете. Мислам дека оние што сакаат ќе разберат“, рече таа.

Според она што можеше да се види на фотографиите кои Кристина ги сподели на Инстаграм на забавата присуствувал нејзиниот брат, без кој како што бели таа свеќите не се дуваат.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Кристина е навистина пример дека самохраните мајки се навистина борбени и без ничија помош можат да напредуваат во кариерата, а подеднакво на своето чедо да му пружат љубов и внимание.
Повеќе фотографии од убавата Кристина погледнете во продолжение:

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button