Реклама
Наши ѕвезди

Крвта не е вода! Ќерката на Жељко Јоксимовиќ запеа и ги запали социјалните мрежи. Ќе се наежите кога ќе ја слушнете

Реклама

Крвта не е вода!

Братот на Жељко Јоксимовиќ, познатиот актер Саша Јоксимовиќ, објави видео на Инстаграм на кое откри колку е горд на својата внука Мина Јоксимовиќ, која покажа дека има завидни вокални способности.

Маркетинг

Ќерката на Жељко својот моќен глас го покажа со интерпретација на познатата песна од Били Ајлиш „When the party’s over”.

https://www.instagram.com/p/B0guo-8oMk9/

Маркетинг

 

„Горд сум на мојата Мина Јоксимовиќ Па има ли некој подобар? Има ли?!“ напиша Саша, братот на Жељко, кој го објави вицеото.

На нејзиниот „кавер“ не остана рамнодушна ни Јелена Томашевиќ која важи за пејачка со еден од најмоќните вокал.

Таа во коментарите го напиша следново.

„Боже, прекрасна е“.

Исто така и Анабела остана запрепастена од нејзиниот глас.

„Прекрасна“, напиша таа.

Мина е ќерка на Жељко од неговиот прв брак. Таа има 24 години и покрај тоа што е негова ќерка, вниманието го привлекува и со фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Весна Јоксимовиќ

За разлика од неа, нејзината мајка Весна не сака многу да се експонира во медиумите, па и ретко објавува фотографии, а на Инстаграм покрај фотографијата со Мина има и неколку селфи фотографии од кои можеме да забележиме дека се држи одлично за свои години и изгледа прекрасно.

Инаку, сегашната сопруга на Жељко, Јована, неодамна за медиумите го кажа следново во врска со односот помеѓу неа и Мина, ќерката на Жељко од првиот брак: „Јас на Мина не можам да и бидам другарка, а не можам да и бидам ни мајка. Јас можам да и бидам само некој кој секогаш ќе биде тука кога ќе и биде тоа потребно. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и одличен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Како што ја има таа топлина во домот на својата мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но тука ја нема“, вели Јована во интервју за српските медиуми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button