Кој љуби, лесно може и да биде повреден: Овие знаци премногу сакаат и поради тоа и страдаат
Видете за кои хороскопски знаци станува збор.
Рак
Луѓето родени во знакот Рак се воздржани на почетокот, но штом почувствуваат дека некој им одговара, потполно и се препуштаат на другата личност. И тогаш би направиле се за својот партнер. Од друга страна, токму тоа понекогаш ги гуши партнерите и чувствуваат како да им е потребен простор, а Раковите тоа не го разбираат.
Риби
Рибите имаат лоша навика да ги чуваат грижите и незадоволството во себе. Поради тоа, често се случува да бидат „жртви“ во врските, затоа што претпочитаат да се повлечат и да се препуштат на туѓата волја. Во врската, прво гледаат за другиот, а потоа за себе, а тоа често резултира со скршено срце.
Стрелец
Кога Стрелецот ќе се одлучи за една личност, потоа потполно се препушта на врската и целосно се дава себеси, со сите сетила. И често го исклучува разумот, затоа што живее „тука и сега“, а токму тоа е она што го прави ранлив.