Реклама
Вирално

Кој е поголем јунак – Орбан, Чак Норис или Никола Груевски?

Реклама

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, се сретна со американскиот актер Чак Норис и му се претстави како уличен тепач, а притоа му се пожалил и дека либералите го мразат повеќе од Доналд Трамп.

На видеото што е објавено на Фејсбук профилот на Орбан (значи не на профилот на „Вчерашни новости“, туку на вистинскиот на Орбан!), се гледа како тој зборува за своето скромно детство во малото село, додека со Норис (!) се вози и ја следат за обуката за борба против тероризам.

Маркетинг

Знаеш, во суштина јас сум уличен борец. Не потекнувам од елитата. Доаѓам од мало село, 40 километри од тука“, вели Орбан на актерот кој е познат по неговите „генијални“ улоги во филмовите за боречки спортови. Тој истакна дека 90 отсто од коментарите во светот и земјата се негативни. „Ме мразат либералите вели тој“, а Чак го прашува

„Те мразат како Трамп?“

Маркетинг

Орбан му одговара: „Малку повеќе од тоа“.

 

Норис е во посета на оваа земја во рамките на добротворна иницијатива. Тој се сретна со премиерот кој важи за унгарски десничар, кој е осуден од многу европски пратеници поради тврдиот став кон азилантите и имигрантите, како и поради диктаторскиот начин на водење на политиката. Но Виктор Орбан е во центарот на вниманието и поради филмското бегство на Никола Груевски кој деновиве доби азил во неговата земја. Од тука си даваме за право (во контекст на тоа што и нашиот поранешен премиер е и поранешен боксер!) да го поставиме следново прашање:

Кој е поголем јунак од овие тројца?

Ние гласаме за Груевски. Вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button