Кој би рекол дека е мајка на три деца? – Таа е совршенството на нашата музичка сцена

Елена Велевска жари и пали.
Атрактивната пејачка на македонската фолк естрада Елена Велевска постојано е во центарот на вниманието.
Таа со својот прекрасен глас, но и со својата совршена линија воодушевува кај македонската публика.
Елена многу вложува во својот изглед, таа има свој тим што се грижи за неа, но има и свој личен тренер кој се грижи за совршената линија на фолкерката.
Велевска е мајка на три деца, па слободно можеме да кажеме дека е најзгодната мајка на нашата музичка естрада.
Оваа година не само поради пандемијата со Ковид 19, туку и поради разводот со нејзиниот сопруг ќе и остане најлоша година како никогаш досега.
Таа неодмана изјави дека и покрај обидите за да го спаси бракот, решила дека најпаметно е да се разведе.
-Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот, изјавила Елена.
За потсетување, Елена Велевска беше 10 години во брак со бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година.
Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.
– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.
Таа ретко објавува фотографии од своите дечиња на социјалната мрежа Инстаграм…
Останаува да видиме кој од децата ќе биде нејзин наследник и ќе продолжи да се занимава со музика како нивната мајка.
Погледнете како изгледаат тие.