CelebrityНовости

Која е новата прва дама на Америка и зошто неколку пати го одбила запросувањето на Џо Бајден пред да го каже судбоносното „ДА“

Advertisement

Новата прва дама на Америка е професорка, мајка, баба и карпа која што го турка својот сопруг да оди напред.

Advertisement

Фото: Октавио Џонс Ројтерс

Таа има две магистарски дипломи, а има и докторат во областа на образованието.

Џил Бајден има 69 години и е новата прва дама, а нејзиниот сопруг Џо Бајден (77) новиот претседател на Соединетите американски држави.

Advertisement

Но која е всушност таинствената професорка од Пенсилванија? Иако нејзиното име веќе е запишано во американската политичка историја, бидејќи веќе еднаш беше првата Втора дама, Џил својот приватен живот со години се обидува да го држи далеку од очите на јавноста.

Фото: Ројтерс

WILMINGTON, DE – OCTOBER 28: Democratic presidential nominee Joe Biden and his wife Dr. Jill Biden depart the Delaware State Building after casting their ballots for the general election on October 28, 2020 in Wilmington, Delaware. (Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Покрај тоа што му е сопруга, таа му е и советничка на својот осум години постар сопруг. Се очекува како прва дама дека ќе работи во подрачјето на образованието и повторно ќе започне со мисијата на собирање околу војните семејства која што ја иницираше во 2011 задно со Мишел Обама

Но покрај својата професионална кариера, таа се грижеше и ги воспитуваше децата, а новиот претседател не крие колку таа има влијание на семејството кое во минатото доживеа страшна трагедија. Таа е неизмерно цврста и верна, изјави Џо Бајден во една своја видео порака на демократската конвенција

Џил стана втора дама во 2009 година кога нејзиниот сопруг стана потпретседател во мандатот на Барак Обама. Таа и тогаш беше дел од многу важни настани, но и сега е една од највлијателните и најсилните замени на својот сопруг.

За целото време на претседателската кампања таа беше со него и го претставуваше својот сопруг како кандидат кој не само што одговара на умерените демократи, туку и на независните републиканци кои беа разочарани од Трамп.

Фото: Гери Хершо Ројтерс

Нејзината љубовна приказна со Џо започнува во 1975 година кога ќе се сретнат на состанок на слепо организиран од братот н Џо, Франк. Џил во тоа време била во процес на развод од својот прв сопруг, а Џо емотивно закрепнуваше по страшната трагедија во која ја изгуби својата сопруга и ќерка.

И бидејќи веќе била во еден брак, таа не брзаше да застане повторно пред олтарот.

Интересно е дека неколку пати го одбила запросувањето на Бајден, но тој бил упорен па неговата поубава половина сепак на крајот се согласила да каже ДА.

Парот се венчаше во кругот на семејството, а во 1981 година ќе се роди нивната ќерка Ешли.

Да потсетиме, сопругата на Бајден Неилија Хунтер и едногодишната ќерка Наоми ги изгубија жив отите во страшна сообр аќајна несреќа што се случи во 1972 година, кога оделе во шопинг за Божиќ, само неколку недели откако Бајден прв пат беше избран за сенатор.

Во неср еќата тешко беа повредени и неговите синови Бо и Хунтер кои тогаш имаа четири, односно две години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button