Вирално

Која е Кејти Бумен, девојката што го постигна невозможното и ни овозможи да ја видиме првата фотографија на црна дупка (видео)

Advertisement

29-годишниот компјутерски инженер Кејти Бумен доби пофалби од целиот свет бидејќи помогна да се направат алгоритмите со кои се овозможи првата слика на црна дупка. Таа заедно со своите колеги пред три години почна да го создава алгоритамот за да се добие слика од овој феномен во вселената.

Advertisement

Оваа есен ќе започне со предавања како асистентка на катедрата за компјутери и математички науки на Институт за технологија во Калифорнија.

Целиот свет слушна за нејзиниот неверојатен успех. Кејти Бумен е 29-годишна девојка одговорна за првата слика на црна дупка во историјата.

Кејти е компјутерски инженерка кој во изминатите неколку години посветено работеше на развивање на алгоритам кој го овозможи овој историски успех. Развиената програма се нарекува CHIRP и овозможува мрежно поврзување на телескопи кои успеале да снимаат нешто што е невозможно.

Advertisement

Од голема важност за сите научници

Кејти студирала на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и таму веќе развиваше алгоритми. Њујорк пост пишува дека таа има работено со тим од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачката интелигенција, и Центарот за астрофизика на Харвард Универзитетот и Смитсонијан. Успехот е од големо значење за целата научна заедница, особено за научниците. Корисниците на социјалните мрежи го препознаа нејзиниот успех и оваа веднаш слика стана вирална.

 

Нејзиниот успех го споделија МИТ и Смитсонијан на нивниот официјален Твитер профил и напишаа: „Пред три години, студентката на МИТ Кејти Бумен го водеше проектот за создавање на нов алгоритам кој ќе ја направи првата слика на црна дупка во историјата. Денес, оваа фотографија го виде светлото на денот”, вели во објавата на Лабораторијата од МИТ, а објавија и фотографија каде што Кејти ја споредија со Маргарет Хамилтон.

Инаку, за неа како научник не се знае многу. Таа за Си-Ен-Ен само скромно изјави: „Никој од нас не можеше да постигне вакво нешто сам. Ова се случи благодарение на многу различни луѓе со различни истории ‘

Кејти сподели и фотографија на својот тим на Фејсбук и напиша:

„Јас сум многу среќна што конечно можеме да го споделиме она што го работевме изминатата година. Сликата што е прикажана е комбинација на слики произведени од повеќе методи. Тоа не е само еден алгоритам, или само еден човек кој го направил ова, туку таа е резултат на неверојатниот успех на тим научници од целиот свет, и години напорна работа на развој на инструменти, обработка на податоци, методи и техники на анализа кои од невозможното направија нешто возможно. Навистина ми беше чест и среќна сум што имав можност да работам со сите вас!

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button