Наши ѕвезди

Коста од „Преспав” ги изненади сите, го покажа својот скриен талент – МАЛКУМИНА знаат дека го бива и за оваа работа!

Advertisement

Во моментов е еден од најпопуларните актери во Македонија, кој е максимално амгажиран и на театарски, и на телевизиски, но и на филмски проекти.

Advertisement

Игор Ангелов може да се пофали дека има многу работа, а сето тоа му донесе и огромна популарност.

Јавноста особено го засака по улогата на Коста Бузалевски, еден од тројцата браќа сопственици на пансион во хумористичната серија “Преспав”.

Коста со својот шарм и харизма се обидува да освојува женски срца, но секогаш е под надзор на неговата сопруга Ула, која во серијата ја игра пејачката Тијана Дапчевиќ.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

Освен кај возрасните, Игор е многу популарен и кај децата.

Advertisement

Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги.

Тој вели дека граѓаните го стопираат на улица многу често и се однесуваат како да разговараат со Коста Бузалевски.

Како што има изјавено во своите интервјуа, нема чувство дека е популарен. Вели дека луѓето кои го препознаваат на улица често го нарекуваат со име од некоја негова улога. Младата популација го вика дедо Менде, детективот, ќе речат еве го Цветко, а повозрасните, еве го Коста.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

Игор Ангелов е роден на 1 октомври 1977 година во Скопје. Високото образование го завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломиран на одделот Драмски актери. По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар, а денес работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти.

Игор е огромна спротивност од тоа што сме навикнати да го гледаме на малите екрани.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

Во брачните води плови заедно со сопругата Ева, која е негова најголема поддршка во сѐ.

Двајцата се горди родители на синовите Јаков и Андон.
Игор својот мир и спокој ги наоѓа во куќата во Бардовци, каде има свое лозје од кое си вари и ракија.

Освен тоа одгледува и органска храна.

Во едно свое интервју откри дека со Ева се запознале уште додека оделе на училиште. Нејзе добро ѝ одело математика, а нему не, па почнал да зема часови кај неа.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

Со неговата сопруга Ева се запознале во средно училиште, кадешто учеле заедно.

-Почна да ми помага да учиме заедно, да ги поправам оценките. Тогаш се појави таа љубов којашто трае, кажа Игор во интервју за Репортер.
Она што малкумина го знаат е тоа дека Игор има уште еден талент, а тоа е музиката односно свирењето гитара.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

Деновиве тој се пофали и на Фејсбук со својот талент, односно сподели фотографија на која тој свири на гитара.

– И мене ништо не ми пречи, стои во опис на фотографијата.

ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук
ФОТО: Игор Ангелов / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button