Конечно убава вест за верната публика на најпопуларната македонска хумористична серија – референдумот беше успешен!
Ликовите на Коста, Ула, Талат, Исаура, Марио, Миле и Јелена се враќаат на малите екрани.
Популарната серија во која уживаат многумина повторно ќе почне да се снима.
Имено „Преспав“ ќе добие шесто продолжение на задоволство на сите гледачи.
Веста за снимање на шестата сезона ја соопштиja продуцентите на серијата, но и Игор Џамбазов кои се пошегува напиша:
-Преспав помина на референдум, изгласана и шестата сезона-напиша Игор.
Додека пак Тијана Дапчевиќ или позната како Ула во серијата „Преспав“ соопшти дека се бараат две момчиња кои ќе имаат нова улога во серијата.
Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во Преспанскиот Регион, благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт и нова разрешница.
Серијалот три години по ред доби и „златна бубамара на популарноста“ и е прогласена за една од најгледаните во Македонија!
Освен главните ликови, во серијата се појавија и многу други познати музичари и актери како од Македонија така и од Регионот.
Продуцентите засега не откриваат ништо, но ги репризираа најзабавните видеа од петтата сезона со порака: Очекувајте не набргу!
Секако со оглед на сето она што видовме досега, очекувањата се огромни и со нетрпение ги очекуваме новите згоди и незгоди.