Реклама
Наши ѕвезди

Конечно прва фотографија – еве како изгледаше Симона Поповска со трудничкиот стомак – во вакво издание не сме ја виделе

Реклама

Убавата докторка и пејачка неодамна објави вест со која ги изненади сите.

Симона Поповска и нејзиниот сопруг Крис станаа родители, а веста дека е бремена ја држеше во тајност.

Маркетинг

Сепак моментот кога се породи, таа на Инстаграм ја објави убавата вест а честитки стигаа од сите страни.

Симона веќе избра име за својот наследник, заедно со сопругот тие го одбраа името Никола.

Маркетинг

Таа не сака многу да зборува за својата приватност и секогаш е резервирана во тој поглед.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм
ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

Сепак сега по повод денот на мајките Симона направи исклучок па објави неколку фотографии од бременоста и покажа каква убава и згодна трудница била.

На објавените фотографии Симона позира покрај креветчето на Никола, а ја покажа и преубавата детска соба која ја подготвиле за него штом пристигне на овој свет.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

Потоа таа позира седната на креветот, а со рацете го прегрнува трудничкото меше, а најслатката фотографија е онаа на која таа и сопругот се држат за рака држејќи мали обувки за наследникот.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

„Никогаш не го разбирате животот сè додека тој не расте во вас“, напиша Симона покрај објавата.

Симона Поповска покрај успешната музичка кариера работи и како специјализантка на скопската клиника.

Таа редовно објавува фотографии на социјалните мрежи и изгледа неодоливо, но периодот како да паузираше па објавуваше само постари фотографии од настапи и музички ангажмани.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм
ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм
ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

Симона и нејзиниот сопруг, Крис се венчаа во 2018 година, а веста дека е бремена не ја сподели со јавноста.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм
ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

Тие една година претходно склучија граѓански брак, а на прославата што ја направија во ресторан убавата пејачка се појави во невестински фустан со потписот на младиот македонски дизајнер Златко Јовановски. Таа носеше дводелен модел со специјални материјали, украсен со природни бисери и рачно везени детали, со вел долг 3.50 метри.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

При гостување во една емисија таа зборуваше дека уште од мала имала љубов кон уметноста, а нејзина втора љубов била медицината. Симона откри дека уживала да „ги лекува“ куклите, па се чини дека желбата и се исполнила.

ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм
ФОТО: Симона Поповска/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button