Конечно може да здивне во својот дом – еве како изгледа станот на ФОЛКЕРКАТА што беше уапсена во Австралија!

Пејачката заври во затвор во Австралија, а потоа, откако одлежа дел од казната, беше депортирана во Србија
Пејачката Романа Паниќ неодамна се врати во Белград, а веќе некое време е во центарот на вниманието заради скандалот дека ограбила банкомат со својот емотивен партнер.
Таа заврши во затворот во Бризбејн, по што беше депортирана:
Сега многумина се прашуваат како изгледа нејзиниот дом во Белград, односно станот во кој што сега ќе живее.
Пејачката живее во населба која е позната како Босанско Дедиње и долго време работела на ентериерот за станот да изгледа по нејзин вкус.
Дневниот престој во бело, клавир и голем број книги и икони. Специјално нацртани тапети во кујна, од фотографиите можеме да видиме дека се е по нејзина замисла.
Фото: Принтскрин Грандтвмагазин
Фото: Принтскрин Грандтвмагазин
Фото: Принтскрин Грандтвмагазин
Фото: Принтскрин Грандтвмагазин
Инаку, Романа долги години е пријателка со Цеца, па еве што кажа таа за неа кога ги слушна лошите вести.
И откако се огласија бројни колеги и клешки кои беа изненадени од ваквата постапка на познатата фолк пејачка, тоа го направи и долгогодишната пријателка на Романа и нејзина колешка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Жената е мој пријател.. а што да кажам? Јас неа ја сакам, а нејзиниот живот – нејзина работа“, изјави Цеца кратко за српскиот портал „Телеграф“.
Што се однесува до Романа, таа имаше олеснувачката околност во нејзината ситуација, а тоа е дека нема да мора да ги врати украдените пари, бидејќи нејзиниот партнер Филип Мркајиќ ја презеде на себе обврската на државата да и плати 22.500 долари кои тие двајцата ги укpaле од кражбата на банкоматите.
Пејачката непосредно пред да биде депортирана во белград, во Австралија беше сместена во апартман каде се наоѓаат сите кои се изолирани заради опасноста од ширењето на епидемијата и беше таму се додека судот во ова место не донесе одлука да биде депортирана во својата земја.
Таа мораше да биде во имиграциониот центар и таму да го дочека транспортот во матичната држава, со обврска со принудна работа да отплати дел од парите што ги украла.Но откако нејзиниот партнер ја прифатил обврската тој да ги врати парите во целост што ги земале од банкоматот, се означи како единствен учесник во paзбојништвото што заедно го направиле во ова земја.
Романа заради оваа кражба во Бризбејн доби година дена затвор, со тоа што зад решетки помина само три месеци.
Заради доброто однесување Романа е пуштена по истекот на две третини од казната. Со неа е уапсен и нејзиниот партнер Филип Мркаљиќ кој е осуден на година и пол, со обврска во затворот во Австралија да помине шест месеци.