Реклама
Интервју

Комичарот Бојан Велевски за Гламур.мк: Во однос на Хрватите и Словенците сме далеку поквалитетни како перфомери

Од новите колеги можеме да имаме само придобивки, зијан никако, вели актерот

Реклама

Популарниот комичар Бојан Велевски е еден од актерите кои ги поставуваа темелите на македонската стендап сцена. Тој веќе една деценија неуморно го засмејува народот со својот сарказам и интелигентен хумор, а во исто време доловувајќи ги најактуелните случувања.

Приватна архива

Стана препознатлив по тоа што често пати без влакна на јазикот низ хумор и сатира ги исмева политичките ситауции, а на јавноста и е интерсен и по тоа што многу често во своите епизоди ги вметнува однесувањата на неговата сопруга Каролина на многу комичен начин.

Непосредно пред неговиот настап најавен за 27 јуни во „МАККА БАР“ во Скопје, Гламур.мк поразговара со него.

Маркетинг
Приватна архива

Долго време сте на македонската стендап сцена, некогаш се броевте на прсти стендап комичарите, сега конкуренцијата расте … Дали ве радува тоа или можеби ве плаши?

Јас самиот работам на развивање и промоција на нови лица на стенд ап сцената. Тоа е еден од најважните предуслови за квалитетна сцена и развој на бројот на публика. Од новите колеги можеме да имаме само придобивки. Зијан никако.

Приватна архива

Како би ја оцениле нашата сцена споредбено со регионот?

По квалитет сметам дека сме еднакви со србите, иако тие и по пазар и по бројност на комичари се неколкукратно поголеми. Во однос на хрватите и словенците сме далеку поквалитетни како перфомери. Во однос на развојот на пазарот сериозно каскаме зад сите ЕКС-ЈУ републики.

Маркетинг
Приватна архива

Како се чувствувате пред настап, дали актерите имаат трема?

Треба да е нешто навистина големо, или нешто што досега не сум го искусил за да се појави кај мене трема на неколку часа пред настанот. Обично таа сега кај мене е присутна на пар минути пред настанот. Сепак, 10 години сум во стенд ап-от и искуството ми дозволува да сум прилично смирен.

Што е добар хумор за вас?

Филозовско… хахахаха… Знам што не е. Тоа со сигурност, па од таму се водам и кога пишувам и кога гледам нешто туѓо. И веројатно она кое без проблем ми го вари организмот додека пишувам или гледам нешто што не е мое – тоа за мене е знак дека е добро.

Приватна архива

Вие често-пати знаете да излезете од концептот и да импровизирате на сцената, не ретко ја вклучувате и публиката во вашето шоу, дали станува македонската публика поопуштена на стендап настаните?

Публиката конечно се врти кон македонските комичари и со задоволство доаѓаат на настапите кај сите нас. Допрва ќе се почувствува ова во наредните години.

Приватна архива

Како течат подготовките за вашиот настап во МАККА БАР во Скопје? Со каков материјал ќе се претставите, што треба да очекуваме?

Во однос на подготовките, тие кај мене се обично на два час пред настанот. Одамна нема филозофија кај мене во тој дел. Настапот во МАККА БАР е едно мало загревање за голем настан во Скопје на крајот на ноември. Ќе има уште неколку вакви настани летово низ Скопје. Ќе настапам со мојот BEST OF, а ќе има и парчиња од најновиот материјал.

Приватна архива
Приватна архива

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button