Кога ќе го сретнеш на небото те молам кажи му дека многу го сакам – ЕМОТИВНАТА порака на Милица ги расплака фановите!

Пејачката се огласи на социјалните мрежи

Милица Павловиќ се огласи на својот Инстаграм профил со емотивна порака со која ги разнежни сите.
„Мил мој Дедо Мраз, во новата година сакам потполно нов свет. Смртта да му отстапи место на животот.“
„Сите безумни војни, патењето и болката да се повлечат ред армијата на љубовта и толеранција. Со меѓусебно внимание и грижа да ја сопреме оваа пандемија. Посакувам темели за рамноправност, почитување, иднина. За се подобри и подобри нови години“ напиша Милица, па го спомна и својот дедо Владимир што го изгуби неодамна.
„И Дедо Мраз… Кога со своите елени ќе полета високо и на снежното небо ќе го сретнеш мојот дедичко.. Кажи му дека го сакам и дека е бесмртен во моите мисли. Во новата и во сите идни години. Доминатори, на здравје!“ заклучи Милица, споменувајќи ги своите фанови на самиот крај.

Инаку, Милица и кога остана без својот дедо, со кого го поминала детството, напиша емотивна порака.

Таа тогаш во својата објава на Инстаграм со неколку зборови опиша колку и значеше тој во нејзиното детство.
„Пишувам, бришам…Размислувам дали да споделам или не… Се плашам дека нема доволно добро да го опишам…“

„Драги мои, јас отсекогаш сум имала сон, сега го живеам, но без него покрај себе, оној кој безусловно ми веруваше и беше подготвен да направи се за да бидам јас среќна, не би успеала без него. Е тоа е тоа вистинското. Мојот дедо, господин Владимир“, напиша тогаш Милица, па продолжи:
„Ништо не му беше тешко – да ми пронајде професорка по солфеш, да ме однесе до дискотека, да ми купи најкратко фустанче, омилено благо, да ми уплати часови за пеење, да доаѓа секој викенд да ме подржи во натпреварите, да ја гледа секоја емисија каде гостувам…Беше моја потпора, моја поддршка, моја сила, мое сé“.

„Благодарна сум на животот што имав привилегија да пораснам со таков човек, бидејќи јас сето ова што сум – тој ме научи“.

„Сé што постигнав во животот- постигнав под крилјата на неговата љубов и поддршка“, напиша тогаш Милица и додаде:
„И сите идни убави денови, успеси, среќа ќе ги посветам на него. Бидејќи тој живееше за јас да бидам среќна. И да бидам најдобрата верзија за себе, поради него“.
„Беше најгорд што јас сум негова внука и ќе дадам се од себе да продолжи да живее низ мене“ напиша таа и пораката ја заврши со зборовите:
„Му должам, за се што безусловно ми пружи во животот…Дедо, те сака твоја Милица. Засекогаш“.
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Павловиќ