Реклама
Вести

КЛУЧНА ИНФОРМАЦИЈА? Еве што кажал братот на убиецот на Данка на полицијата за локацијата на телото пред да почине

Реклама

Потрагата по убиената 2-годишна Данка Илиќ, продолжува денеска, а после претресот во куќата на осомничќениот Дејан Д. во селото Злот, претрагата е насочена кон Лазаровата пештера и Злотската река, кои се оддалечени нешто повеќе од 3 километри од куќата на Дејан.

Пред пештерата се припадници на полицијата се наоѓаат пред пештерата, како и протипожарни екипи, јавува српски „Телеграф“.

Пред куќата на осомничениот нима само една полициска патрола.

Маркетинг

Телото на убиената Данка Илиќ и натаму не е пронајдено. Осомничените се лишени од слобода и одреден им е притвор од 30 дена.

Маркетинг

Далибор Драгијевиќ (40), кој синоќа почина во полициската станица во Бор, призна дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ.

Според медиумите, тој вчера ја водел полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не било пронајдено на ниту една од нив.

Да потсетиме, Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, починал во Полициското одделение во Бор.

На Далибор Драгијевиќ му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе на реанимација, тој починал во 03:10 часот, а лекарот судски вештак констатирал природна смрт.

Ненадејната смрт на братот на убиецот може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од трите клучни луѓе кои можеа да и помогнат на полицијата во потрагата по телото на Данка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button