Познатата старлета има нова омилена поза?
Имено, се започна на прославата на 21 роденден на Кајли Џенер кога познатите сестри заедно со нивната мајка, Крис Џенер, покажаа среден прст.
https://www.instagram.com/p/Bmi33m_lX3i/?utm_source=ig_embed
Ким потоа продолжи да позира во слично издание на Инстаграм кога објави уште неколку фотографии на кои го покажува својот среден прст.
https://www.instagram.com/p/Bnfae-JFxJ0/?utm_source=ig_embed
На последната фотографија што ја објави се пофали и со својата нова витка линија во минијатурен зелено бикини. Очекувано, фотографијата веднаш предизвика реакција од јавноста – сепак се работи за Ким Кардашијан, една од најпознатите риалити ѕвезди на светот.
https://www.instagram.com/p/Bm-9DNPldSS/?utm_source=ig_embed
Некои ја критикуваа поради непристојното однесување, додека многумина тоа го протолкуваа како одговор на нејзините критичари иако старлетата во описот на фотографијата не напиша ништо.
https://www.instagram.com/p/Bm9yznWldTH/?taken-by=kimkardashian
Имено, Ким во последно време се најде на мета на критиките бидејќи јавно зборуваше за губењето на вишокот килограми по бременоста поради што многумина ја обвинуваа дека преставува искривена слика на женското тело, па една од теориите на нејзините обожаватели е дека со овие разголени и непристојни фотографии само сака да им порача на сите дека не е загрижена премногу за туѓите мислења.