Новости

„Кај Марина стоеше 5 години, фрлен во фиока“ Ова е приказната за најголемиот хит на Цецa: „Го одбија Лепа Брена, Весна Змијанац, Драгана Мирковиќ…“

Advertisement

Музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ, која почина по догогодишната битка со тешка болест напиша бројни хитови за најголемите музички ѕвезди од бившите ЈУ простори.

Со пишување на текстови се занимавала од својата деветнаеста година. Првиот голем успех го постигнала со текстот за песната „Dodirni mi kolena“ за поп групата Зана.

Advertisement

Во својата долга и успешна кариера, напишала стотици текстови за познати пејачи и така им помогнала да изградат успешна музичка кариера.

Дел од познатите пејачи со кои соработувала се Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Лепа Брена Цеца, Северина, Аца Лукас, Ана Николиќ и многу други.

Advertisement

Еден од хитовите е баладата „Кукавица“, која ниту една нејзина колешка не сакаше да ја сними. Кога Цеца помислила да ја пее, Марина Туцаковиќ ја искарала поради тоа.

– Имаше период меѓу мојата последна плоча „Бабарога“ и сите оние песни што беа на албумот. Потоа направив пауза година и пол.

Знаев дека сакам нешто поинакво, позрело, пофундаментално… Го надминав претходниот стил на песни. Еден ден решив да одам кај Марина и Фута – вели Цеца и додава:

– Така започна нашата соработка. И сите тие песни тогаш беа на мојот последен албум. Песната „Кукавица“ седеше пет-шест години во фиока кај Марина и Фута како тотално отфрлена.

Таа беше понудена на Весна Змијанац, Драгана Мирковиќ, Лепа Брена, многу пејачки… Уште тогаш тоа ми го кажа Марина.

Не сакавме да го задушиме албумот и Фута помисли да ми ја понуди „Кукавица“, а Марина рече: „Не доаѓа предвид, ти реков да ја заборавиш таа песна“.

Инсистирав да ја слушнам кога Фута почна да ги свири првите ноти: „Гушни ме…“. Реков: „Ова е феноменално, ќе го снимам вечерва“.

Тој го подготви аранжманот, јас го отпеав од прва и стана хит на сите времиња – изјави Цеца во емисија на телевизија „Пинк“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button