Во локалните медиуми во Австрија денес се појави вест за едно кафуле во местото Стробл, во близина на езерото Волфгангси, во покраината Салцбург во кое сопствениците послужуваат само лица кои не се вакциниpaни.
На прашањето зошто вакцинираните не се добредојдени во нивното кафуле, сопственичката кое работи во склоп на нејзината продавница за здрава храна не сакала да одговори, пренесува „Fenix magazine“.
Таа не сакаше да им одговори на медиумите, но ни на градоначалникот, вработените во општината и на туристичките работници.
„Само можеш да се смееш, да мислиш што сакаш и да им апелираш на гостите да не одат таму.“
„Бидејќи тоа не одговара на нашите насоки“, изјави градоначалникот на Стробл, Јосеф Вајкингер, истакнувајќи дека не е воодушевен од однесувањето на својата сограѓанка, но и дека нејзината одлука не е противзаконска, па едноставно не можат ништо да и направат.
„Тоа секако е огромна опасност бидејќи општеството и посебно демократијата се состои од согласност и легитимност. А ако политичките одлуки повеќе немаат легитимност, тогаш повеќе нема ни демократија. И се повеќе луѓе ќе почнат да се одвојуваат од општеството“, изјави политологот Рајнхард Хајниш.
Случајот со кафулето за невакцинирани во Стробл е поприлично симпатичен за се прораспространетата појава на оддалечување на многу луѓе од класично општествениот-политички и здравствен систем.
„Мислам дека ковид пандемијата го разделува општеството, но не само општеството. Таа навлегува и во многу други пори од општествениот живот, па така на пример може да предизвика и судир меѓу вработените во компаниите или во внатрешноста на семејството, но и да доведе до распад на пријателствата“, истакна Силвија Траунсвисер, професорка по филозофија на право на Универзитетот во Салцбург.
Австриските медиуми наведуваат дека вакцинацијата против коронавирусот направи поприличен раздор во многу општества, па така и во Австрија, каде поделбите на вакцинирани и невакцинирани и се почестите привилегии за вакцинираните лица допринесуваат и за се поголем број на екстремни однесувања во општеството.
Па, што мислите за оваа одлука на газдарицата на кафулето?
Бонус галерија
Фотографии што ќе ве натераат да ја посетите Австрија
Фотографка која живее во Виена на својот Инстаграм профил објавува прекрасни фотографии од најразлични места Австрија. Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда
Фото. Тина, Боред Панда