Касандра имаше СПЕКТАКУЛАРЕН дочек во Македонија, па заврши во зaтвop дури Милошевиќ ургираше за неа, Руби ја победи страшната болест – еве што прават ЅВЕЗДИТЕ на 90-тите

Некои беа вистински ѕвезди, а сега се непрепознатливи.
На македонската публика повеќе од две децении беа преставени славните серии со шпански јазик кои беа најгледани не само кај нас туку и во целиот Балкан, а главните актерки кои одбележаа една деценија на телевизиските програми беа вистински убавици.
Руби, Касандра, Марисол,Росалинда…ова се само дел од ѕвездите кои се вдомија во нашите домови, а гледачите од толку што беа воодушевени дури сакаа да ги видат во својот град.
Се сеќавате ли на актерката Кораима Торес (47) која пред 17 години се прослави со улогата на Касандра во истоимената серија, сите беа воодушевени од нејзината убавина.
Таа дури го посети целиот Балкан, ја посети и нашата Македонија која беше пречекана како најголема ѕвезда во тие времиња.
Балканот лудуваше по оваа серија, а кога Касандра по грешка беше обвинета за уби ство, обожавателите од Србија пишуваа петици наводно било испратено до венецуелската влада и до поранешниот престедател Слободан Милошевиќ во кое тврделе и барале: „Ние знаеме дека Касандра е невина- ослободете ја од обвинението“.
Серијата постигна голем успех во целиот свет, а еден од најголемите успеси беше во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Русија во 1997 година за малку Касандра ќе настрадаше од обжавател, бидејќи сакал да ја „ослободи Касандра од сите болки и патења“.
Колку Касандра во тоа време беше популарна говори и фактот дека легендарниот пејач Шабан Бајрамовиќ и посвети песна „Касандра“.
Барбара Мори (42), ѕвездата на серијата „Руби“ која кај нас беше прикажана во 2004 година, целосно го помати паметот на гледачите, додека едни обожаватели ја обожаваа, други мислеа дека е премногу злобна.
Од емитувањето поминати се 15 години, а убавата актерка се избори со ракот и се посвети исклучиво во филмската кариера. Во приватниот живот во последните три години ужива во улогата на баба.
Барбара пред неколку години го победи pakoт на дојката и учествуваше во документарец кој беше наменет за таа болест, дело на индиската режисерка Намрата Син Гујрал, а целта беше да се соберат пари и да им се помогне на семејствата.
– Многу е тешко да се изговори: „Да имав paк“. Бог од некои причини ме стави на тест и јас успешно го положив. Се изборив сама со болеста, победив и одам понатаму, рекла тогаш Мори.
Шпанската серија „Марисол“ која на Балканот е прикажана во 1999 година, беше една од најгледаните, а главната актерка беше Ерика Буенфил (56) која стана голема ѕвезда.
Марисол имаше огромна лузна на лицето која ја криеше со косата, а сите сигурно добро се сеќаваат на неа и нејзиниот згоден партнер Едуардо Санрамарина.
Ерика во 80-тите патела од тешка депресија и зави сност од алкooхол, а улогата во серијата „Марисол“ ја вратилаа во актерските води по што си обезбеди многу подобар живот отколку што го имала претходно.
Популарната Марисол денеска е во 6.деценија , а и понатаму е активна во светот на глумата и покрај тоа таа изгради и музичка кариера. Ерика води семеен живот, а ќе забележите дека многу се променила од улогата на славната Марисол.
Габриела Спаниќ (46) која се прослави во шпанската серија „Злобница“ важеше за природна убавица ретко која актерка на светот можеше да и парира, а со својата улога во попларната серија полудеа милиони гледачи.
Таткото на Габриела е Хрват, а во 1947 година родителите на актерката се преселиле во Венецуела од каде што е родена нејзината мајка.
Внимание во јавноста привлече со својата убавина, а дека е најубава доказ е и титулата за Мис Венецуела.
Меѓутоа, Габриела не сакала годините да и влијаат на нејзината убавина, па си направила неколку естетски корекции, но многумина коментираат дека сега изгледа како „восочна кукла“ и, и порачаа дека треба да престане да користи ботокс.
Славната шпанска пејачка и актерка Аријанда Талија Соди Миранда (48), се прослави како Росалинда во истоимената теленовела, а приказната за сиромашната продавачка на рози и богатиот композитор прикажана е во 180 земји што ја направи Талија најпопуларна ширум светот.
Талија е во брак со поранешниот маж на Мараја Кери, милијардерот Томи Мотол од 2000 година и имаат две деца. таа за себе вели дека е многу забавна, но предобра и грижлива мајка.
Талија и по толку години е вистинска убавица, а многумина велат дека изгледа барем 15 години помладо и дека по сексипилност и заносен изглед ниту една актерка не може да и парира.
Извор: Курир.рс